Насловна / Вести / Скопје домаќин на конференцијата „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“

Скопје домаќин на конференцијата „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“

Скопје од денес до сабота е домаќин на 16. Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство на тема „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.

На конференцијата на која ќе се разговара и ќе се разменуваат искуства во оваа научна и практична област ќе учествуваат повеќе од 250 научници-геотехничари и инженери. Тие ќе се претстават со повеќе од 150 трудови од целиот свет за влијанието на геотехничките опасности врз инфраструктурата, лизгање на земјиштето, вештачки падини, длабоки ископувања, опасности од поплави, земјотреси.

111_Page_16_resize

Друштвото за геотехника на Македонија ја реализира оваа меѓународна конференција во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија.

Покровител на конференцијата е претседателот на Република Македонија, а конференцијата се одвива под закрила на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), поддржана и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA).

Испрати коментар

Scroll To Top