Насловна / Архитектура / Белградската интернационална недела на архитектурата – БИНА 2024

Белградската интернационална недела на архитектурата – БИНА 2024

Деветнаесеттото по ред издание на Белградската интернационална недела на архитектурата – БИНА 2024 година ќе се одржи од 30 мај до 29 јуни 2024 година, во организација на Друштво на архитекти на Белград – ДАБ и Културниот центар на Белград – КБЦ.

Централната тема на овогодинешната манифестација е „Одеци на модернизмот“ и се занимава со прашања за односот помеѓу современата архитектура и модернизмот, поуки и размени на проектни искуства во сферата на урбанистичкото планирање, архитектурата, дизајнот и примери на реализирани објекти (Сава Центар, БИГЗ), кои се подготвуваат за отворање во 2024 година, а се дел од културното наследство на модернистичкото движење на градот Белград.

Во рамки на програмата БИНА, годинава посебно внимание ќе се посвети на модернистичкиот период на архитектот и професорот Милан Злоковиќ (1898-1965), кој заедно со Никола Добровиќ е еден од најзначајни архитекти на модерната архитектура во регионот.

Реновиран Сава Центар

Отворање на 30 мај во Ликовната галерија на КЦБ

Деветнаесеттата БИНА ќе биде отворена на 30 мај во 19:00 часот во Ликовната галерија на Културниот центар на Белград, со изложбата „Вила Прендиќ – нов поглед, ново траење“, која има за цел приближување на станбената архитектура на модерната меѓу повоениот период, нејзино обновување и адаптирање на современите услови на живот, притоа зачувувајќи ги вредностите на архитектурата и постулатите на кои се заснова.

Оваа изложба е посветена на делото на Милан Злоковиќ и е осмислена во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Белград, Do.co.mo.mo. Србија и Фондацијата Милан Злоковиќ, а воедно ќе биде најава и конститутивен дел од голема комеморација на 60-годишнината од смртта на архитектот, која се подготвува во САНУ 2025 година.

Вила Прендиќ

Во изложбената програма ќе бидат отворени уште пет изложби. Меѓународната изложба на современо домување „HOUSING 23“, организирана од Катедрата за станбени згради на Градежно – архитектонскиот факултет на Универзитетот во Ниш и Кластерот за урбанистичко планирање, е петти осврт на актуелните архитектонски достигнувања, кои се своевиден манифест на современи проектантски практики и размислувања на тема домување, во просторот на Клубот на РТС.

HOUSING 23 – CHRONOS DWELL, Хирошима, Јапонија, 2018; Masahiko Fujimori

Традиционалната изложба „Донеси го својот проект“ на млади архитекти ќе ја претстави работата на Addicted Design Studio од Крагуевац – Наталија Богдановиќ и Алекса Ѓуриќ и ќе се занимава со прашањето на самоопределувањето кон архитектонската професија, кое е базирано на личен наратив, и решеноста професијата да се практикува во помала урбана средина во која се живее – во Крагуевац.

„Донеси го својот проект“

Изложбата „Пиранези награда“ е осврт на поновата архитектура од регионот, во која во последните години се опфатени и голем број најдобри студентски дела, додека на видео изложбата „Награди и конкурси (2023-2024)“ ќе бидат претставени годишните награди за архитектура и Архитектонски и урбанистички конкурси во периодот април 2023 – март 2024 година во организација на Друштвото на архитекти на Белград.

Работилници за урбан дизајн за граѓаните

Соработката помеѓу БИНА и меѓународната платформа ЛИНА ќе биде претставена преку изложбата „Да се разбере како расте градот“ создадена како дел од истоимената резиденцијална програма, кога десет жители на ЛИНА го запознавале животот на Нов Белград и Бежанија.

Традиционалниот семинар „Архитекти/Проектанти/Практичари“ ќе се одржи во Сава Центар и претставува серија на предавања за професионалци, со цел размена на идеи и информации од областа на проектирање и употребата на нови и иновативни материјали и производи.

Посебно внимание ќе се посвети на обиколката на објектот, проектот и реализацијата на реконструкцијата на конгресниот центар, применетите нови технолошки решенија, материјалите и деталите од изведувањето. Претставниците од градежната индустрија преку кратки предавања ќе ги запознаат колегите со најновите достигнувања од нивната област, карактеристиките и можностите за примена на производите.

Проектот „Белградски урбани оази: одржливи трансформации на запоставени простори во Белград“ во соработка со EUNIC – Србија, Архитектонскиот и Шумарскиот факултет на Универзитетот во Белград, Центарот за интеграција на младите (ЦИМ) и Центарот за сместување и дневн престој за деца и младинци со попреченост се занимава со активирање на локалната заедница преку работилници за урбан дизајн за граѓаните, јавни настани и уметнички интервенции, во кои активно ќе се вклучат и штитениците на двата центри и студентите на факултетите.

Со интервенции на локациите ќе бидат креирани клучни урбани точки кои ја поттикнуваат свеста за животната средина, одржливоста и инклузивноста, се вели во најавата на 19. Белградска интернационална недела на архитектурата.

објект на Лазар Кузманов

Посебен сегмент од програмата е Добар урбан живот 4/Good urban life 4, кој оваа година повторно се одржува во Крагуевац.

Програмата Arsenal Placemaking се потпира на претходно спроведениот меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс за обнова и рехабилитација на просторно-културно-историската целина ВТЗ (Воено-технички завод – Арсенал) во Крагуевац (2022), програмските формати на проектот Good Urban Life реализирани во периодот 2020-2023 година, работилници одржани во јули и декември 2023 година како дел од проектот „Зелени градови на Србија“, кој се однесуваа на обнова и рехабилитацијата на комплексот Арсенал во Крагуевац, како и студентските визии за просторот на Арсенал претставени со проекти во рамки на студиските програми на ФИЛУМ.

Белградски саем

Значаен дел од програмата се БИНА прошетките: во план е посета на градските вили во Професорската колонија, Белградскиот саем, хотелот Југославија, Палатата Србија, додека излетот на БИНА е планиран во Нови Сад во светот на реализираната архитектура на Лазар Кузманов, еден од најистакнатите архитекти од средната генерација, железниците почнувајќи од станицата Прокоп во Белград, патувајќи по брзата железница и крајната дестинација модернистичката железничка станица Нови Сад од 1964 година.

Во рамки на говорната програма на БИНА ќе се одржи тркалезна маса „Вила Прендиќ – едно од ретките реконструирани дела на Милан Злоковиќ“, се вели во соопштението на организаторите.

Архитектот Wessel de Jonge како специјален гостин

Wessel de Jonge

Специјалниот гостин на овогодинешното издание на манифестацијата, архитект, професор, основач на Do.co.mo.mo. International, Wessel de Jonge од Универзитетот Делфт од Холандија, ќе одржи работилница „Обновување на архитектурата на 20 век“ со студентите на Архитектонскиот факултет, како како и предавање на оваа тема отворено за јавноста во соработка со Docomomo Србија.

Ќе се одржи и предавање/дискусија „Успешни реконструкции – Старо Сајмиште, Сава Центар, БИГЗ“, како и „Загрозено наследство – Белградски саем, хотел Југославија, Генералштаб“, како и предавање на Владимир Лојаница и Верица Крстиќ „Современи градски вили“, трибина „Воспоставување на нови екосистеми за домување – Што го започна моментумот на кооперативно домување во Барселона?“ и промоција на книгата „Очи на кожата: архитектура и сетила – Јухани Паласма“, во издание на младата издавачка куќа Ателје А22 од Црна Гора.

БИНА се затвора со настан и доделување награди и признанија од страна на ДАБ за Архитектонски настан на 2023 година.

Испрати коментар

Scroll To Top