Насловна / Ентериери / Бар Cherdak од Inblum Architects

Бар Cherdak од Inblum Architects

Cherdak Bar (8)
Сместен во поткровје на неодамна реновирана куќа во стариот град на Минск, барот Cherdak се издвојува како пример на дизајн реализиран со исклучителна примена на необработени материјали. Како специфичен детаљ од ентериерот се забележува соголената ѕидна обвивка изведена во тула, од која е изработен и барскиот шанк.
Cherdak Bar (5)
Cherdak Bar (1)
Просторот е организниран од две главни карактеристики. Првата ја дефинира мултифункционалната структура во борови панели, која се провлекува низ целата внатрешност и во себе вклучува шанк, осветлување, полица и закачалка, кои соединети во една целина го потенцираат просторот како архетипско поткровје.Cherdak Bar (2)
Cherdak Bar (7)
Меката површина за седење се издвојува како втор карактеристичен елемент, наоѓајќи му намена на неупотребливиот простор под ниската таваница.
Cherdak Bar (9)
Cherdak Bar (4)
Cherdak Bar (3)
Cherdak Bar (6)
Помалите елементи од ентериерното уредување, нови или стари, се внимателно избрани од страна на архитектите и донесени од различни стилски подрачја во светот.
Cherdak Bar (10)

Испрати коментар

Scroll To Top