Насловна / Вести / Француски експерти: Мостот на Пељешац е најдобро решение

Француски експерти: Мостот на Пељешац е најдобро решение

most preku peljesac
Крајниот заклучок на предфизибилити студија за најдобриот начин на поврзување на двата дела на Хрватска ќе биде објавен во средината на декември, кога ќе треба да се одржи последниот состанок на претставниците на Хрватска, Босна и Херцеговина, Европската комисија и француските консултанти кои работеа на студијата.
Според информациите во хрватскиот „Вечерњи лист“, изработена е финалната верзија на студијата, а како најдобро решение за поврзување на дубровничкиот регион со останатиот дел од Хрватска останува, како и во досегашните нацрти, мостот преку Пељешац. Според истите пишувања, во однос на коридорот преку Неум, тунелот и траектната линија, мостот е најмалку ризично решение и најповолна опција, која ги исполнува основните критериуми според кои се барало решение за поврзување на Хрватска, односно на Европска Унија. Така, мостот беше оценет како решение кое е најдобро и најмалку ризично во исполнувањето на критериумите за поврзаност, достапност и безбедност.
Сите други опции кои во изминатиот период беа споменувани во хрватската јавност како побрзи, поедноставни, со подобар квалитет и поевтини, француските консултанти ги отфрлија како несигурни и бесцелни (ферибот) или како прескапи и нејасни решенија (подводни тунели). За да мостот добие предност во однос на коридорот преку Неум, за кој цело време се залага Босна и Херцеговина, многу важна улога одиграа и шенгенските критериуми за безбедност.
Изградбата на мост со пристапни патишта ќе чини околу 285 милиони евра, додека изградбата на ограден коридор би чинела повеќе од 200 милиони евра, но и покрај таа разлика во цена, мостот уште во претходните верзии на студијата доби повеќе поени од коридорот. Притоа, упатените предупредуваат дека заради правните проблеми коридорот би можел да биде готов дури за 10 до 20 години, а можеби и никогаш.
Тоа би значело дека Хрватска не би можела толку брзо да влезе во Шенген режимот. Конечниот нацрт се уште не е доставен до сите вклучени страни, а тие за него мораат да се изјаснат на состанокот во декември. Но, ако и заклучокот на предфисибилити студија е во корист на мостот, тоа не значи дека Европската комисија автоматски ќе почне да ја суфинансира неговата изградба. Според „Вечерњи лист“, ЕК потоа ќе бара да се изработи фисибилити студија за едно или дури за две можни решенија – мост и коридор.
Дури тогаш, заклучува хрватскиот весник, ќе може да се добие одговор кој е најсоодветен проект и врз основа на тоа ќе биде одлучено дали ќе биде финансиран од фондовите на ЕУ и во колкав процент.

most preku peljesac most preku peljesac

Испрати коментар

Scroll To Top