Насловна / Вести / Бамбус во градината и ентериерот

Бамбус во градината и ентериерот

Бамбусот е подеднакво интересен и во отворен и во затворен простор, бидејќи стеблата од бамбус може да се користат за различни намени: како долготрајна подна подлога, неизбежен дел од зеленилото или едноставна декорација на маса.

1

Стеблата бамбус се со идентична ширина по целата нивната должина, често се нарекувани и „флејти“, а во комбинација со други растенија, украсни елементи, игра на светлина и сенка, пониските (Pleioblastus) и средните (Fargesia) бамбуси создаваат нестварни впечатоци.

2

Бамбусот е вид на трева (подфамилијата Bambusoidae од фамилијата Gramineae). Може да има висина од неколку сантиметри, до неколку десетици метри, а познат е и како рекордер по брзина на растење – до метар дневно. Ова неверојатно корисно растение кое може да се користи во исхраната, како граѓа, за правење разни предмети, текстил …

4

Две основни заблуди за бамбусот

Она што кај нас ги одвраќа градинарите од одгледување бамбус се две работи. Како прво, владее погрешно мислење дека ова е растение кое успева исклучиво во тропските предели. Постојат многу сорти прилагодени на нашата клима, кои лесно можат да опстанат на овие простори.

16

Друга причина е стравот дека ова инвазивно растение ќе излезе од контрола и ќе почне да се шири и уништува други растенија. Од сортите кои се погодни за одгледување кај нас се Phyllostachus, Fargesia и Bambusa. Што се однесува до ширењето, можете да се одгледуваат видови кои растат во бусени, а кои немаат брз раст. Моноподијалните бамбуси потешко е да се ограничат, но тоа можете да се направи и со вметнување пластични бариери, бидејќи коренот на бамбусот е плиток. Сепак, треба да се има на ум дека ризомите ќе поминат и низ најмалата пукнатина, па затоа мора редовно да се проветруваат.

3

Како да се засади и негува

Бамбусот сака светла глина, затоа треба добро да се натопи коренот пред да се засади во градината. Исто така, по засадувањето на бусенот треба добро и обилно да се полева, а почвата во која се сади треба добро да се збогати со компост. Првиот месец или два по садењето, се полева секој втор ден и интензивно се прскаат листовите. Ако листовите од бамбусот почнат да се виткаат, а нема паразити, тоа значи дека бамбусот нема доволно влага.

8

На бамбусот му треба многу азот и затоа се користат ѓубрива кои го имаат во поголем процент. Не се ѓубри во првите месеци по садењето. Бамбусите можете да се засадат и во плитки жардињери, односно саксии, така што околу бусенот на коренот има најмалку 10 сантиметри слободен простор. Бидејќи бамбусот сака многу влага, се поставува горниот заштитен слој на површината за да ја задржи влагата и да го намали испарувањето. Се реже секоја година така што му се кратат горните изданки и се отстрануваат гранките што растат од страна.

11

Паразитите кои го напаѓаат бамбусот најчесто се растителни вошки. Бамбусите што се размножуваат од ризоми тешко се задржуваат во градините и мора да им се создаде бариера со ѕидови, фолии, лимови и бетонски плочи што се закопуваат во земја како ограничување на растот. Задолжително бариерите се поставуваат длабоко и најмалку 10 cантиметри над земјата затоа што, кога се шират, бамбусите знаат и да ја прескокнат бариерата.

13

12

6

7

15

17

18

Испрати коментар

Scroll To Top