Насловна / Вести / БиХ: Во Зеница пуштена во погон топлана која користи енергија од отпадни гасови

БиХ: Во Зеница пуштена во погон топлана која користи енергија од отпадни гасови

Во Зеница свечено е пуштена во погон Топлана „Зеница“, која претставува пример за декарбонизација на системите за далечинско греење. Станува збор за когенеративна постројка која произведува електрична и топлинска енергија, а за тоа ја користи отпадната топлина од челичарницата ArcelorMittal. На овој начин заменета е старата топлана на јаглен. Вредноста на инвестицијата е 53 милиони евра, од кои 41 милиони евра е кредит од Европската банка за обнова и развој (EBRD), а остатокот е инвестиција на ArcelorMittal Зеница, Град Зеница и финските компании KPA Union и FinnFund.

zenica1

Сопственици на новата топлана, која е основа на системот за далечинско греење во Зеница, се ArcelorMittal со 50%, Град Зеница со 20%, и двете фински фирми со удел од по 15%.  Когенерациската постројка ќе има инсталирана моќност од 14,45 MW за електрична енергија и 112,5 MW за топлинска енергија. Новата енергана ќе произведува и технолошка пареа и компримиран воздух за потребите на челичарницата ArcelorMittal.

zenica2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top