Насловна / Архитектура / Foster + Partners со нов иконичен облакодер во Кувајт

Foster + Partners со нов иконичен облакодер во Кувајт

Foster + Partners со нов, препознатлив супервисок облакодер за седиштето на Националната банка на Кувајт (НБК) во Кувајт Сити.

30

Проектиран од Foster + Partners за да биде обележје во главниот град на Кувајт, облакодерот висок 300 метри има заоблена форма која кулминира со зашилен врв.

00

„Новото седиште на Националната банка на Кувајт (НБК) претставува спој на иновативна еколошка стратегија и разновидна програма како карактеристична знаменитост што се истакнува на хоризонтот на Кувајт“, вели за Dezeen шефот на бирото на Foster + Partners, Stefan Behling.

20

„Зградата вклучува одржлив, функционален и иконичен дизајн кој го означува уникатното присуство и идентитет на НБК во градот“.

Седиштето на Националната банка на Кувајт е втората највисока зграда во земјата и официјално е супервисок облакодер – дефиниран како повисок од 300 метри.

40

Се наоѓа покрај највисоката зграда во Кувајт, кулата Al Hamra висока 412 метри, која ја проектирале Skidmore, Owings & Merrill (SOM), во градската финансиска четврт Sharq.

Облакодерот е обвиткан со низа бетонски перки што се протегаат по целата висина на кулата за да обезбедат засенчување од сонце за шеесет и три ката канцелариски простор.

60

Перките на заоблената рамка пружаат поглед на Арапскиот Залив, додека застаклена лента се протега по целата висина на облакодерот.

Проектиран да обезбеди канцелариски простор за персоналот на банката, облакодерот има подни плочи во облик на штит со канцеларии од отворен тип на едната страна од лифтовското јадро и соби за состаноци распоредени долж закривената фасада.

120

Вработените влегуваат во облакодерот низ 18 метри висок хол во приземјето, додека канцелариските катови се разбиени со „небесни предворја“, ресторан со двојна висина на 18 кат 18 и теретана на 19.

90

Балска сала и аудиториум се сместени на 38 кат, а на 48 кат се наоѓа сала за состаноци со тројна висина.

Најгоре е претседателскиот клуб во зашилениот врв на структурата, кој е осветлен со голем заоблен светларник.

50

„Формата што ја развивме за кулата е водена од потребите на банката и внатрешниот просторен распоред е прилагоден на нејзините организациски барања, истовремено обезбедувајќи флексибилност за идни промени и раст“, вели постариот партнер на Foster + Partners, Nikolai Malsch.

„Создадовме прилагодена работна средина каде што секој има свој единствен простор“.

70

Foster + Partners го дизајнирале и мебелот и осветлување за облакодерот, вклучително и светилки од дувано стакло и маса долга 13 метри во просторијата за состаноци.

110

100

130 80

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top