Насловна / Вести / Автономните возила ќе можат да развиваат до 130km/h и да менуваат ленти

Автономните возила ќе можат да развиваат до 130km/h и да менуваат ленти

Меѓународниот експертски панел при UNECE (United Nations Economic Commission for Europe), се согласи да ја зголеми максимално допуштената брзина за автономните возила во одредени ситуации. Според таа одлука, ограничувањето на брзината за автономните возила ќе биде подигнато од  60km/h на 130km/h. Промената на коловозните ленти исто така ќе биде дозволена. По уртврдување на преостанатите формалности, ова правило ќе стапи во сила за шест месеци.

unece1

Над 50 земји ширум светот се членки на спогодбата, вклучувајќи ги и 27-те земји членки на ЕУ. САД, Кина и некои други земји го регулираат автономното возење според сопствени стандарди. Во моментот, автономното возење е ограничено на одредени ситуации на автопатиштата, како што се сообраќајните гужви. Доколку се појави мраз на коловозот или некоја друга опасност која автмобилите ја детектираат преку камери и сензори, возачите се предупредуваат и автономниот режим се исклучува.

unece2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top