Насловна / Арт и дизајн / Krysset икона на норвешкиот дизајн

Krysset икона на норвешкиот дизајн

Норвешката компанија за мебел Eikund повторно ја произведува столицата Krysset, класично парче норвешки мебел дизајнирано од  Fredrik A. Kayser.

2_resize

Krysset е икона на норвешкиот дизајн  со нагласен израз на прекрстени ногарки. Fredrik A. Kayser дипломирал на Националната академија за занаетчиство и уметничка индустрија во 1945 година. Неговиет мебел се карактеризира со елегантен дизајн и чувствителност на материјалите и ретко чувство за пропорција и композиција.

12_resize

Тој го дизајнирал Krysset додека бил вработен во Rastad & Relling Tegnekontor помеѓу 1952-56 година. Вкрстените ногарки ја обликуваат целокупната структура на столицата, споени се со четири дрвени клинци во зглобовите, што на префинет начин ја нагласуваат конструкцијата, допринесувајќи за убавината на изработката. Потпирачот за грбот е како едро, растегнато парче кожа сошиено за рамката.

4_resize

Рамката од полно дрво достапна е во низа завршни обработки, вклучувајќи даб со маслен премаз, бел лакиран даб, орев со маслен премаз и црн лакиран даб. Кожниот наслон доаѓа во избор на светли, природни тонови, кафеави и црни бои, додека седиштето со перници може да биде пресвлечено со кожа или разни ткаенини.

Eikund издаде и ограничена верзија на Krysset во соработка со уличниот уметник Martin Whatson, која ја претставува неговата уметност на спреј на рамката на столицата.

1_resize

3_resize

6_resize

7_resize

01_resize

8_resize

9_resize

11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top