Насловна / Вести / Австрија го гради најголемиот затворен резервоар за питка вода на светот

Австрија го гради најголемиот затворен резервоар за питка вода на светот

Во Долна Австрија, во тек е изведба на работи за проширување на најголемиот затворен резервоар за питка вода на светот. Проектот е клучен дел од стратегијата „Виенски води 2050“, со која овој град се подготвува за порастот на бројот на жители и предизвиците на климатските промени.

„Сигурноста на водоснабдувањето за граѓаните на Виена е највисок приоритет. Со цел на идните генерации да им обезбедиме најдобар и најмодерен систем, секоја година влоуваме до 100 милиони евра во водната инфраструктура“, вели Јирген Чернохорски, член на виенската градска влада одговорен за климатски прашања. Резервоарот има четири огромни комори со капацитет од околу 600 милиони литри вода. По проширувањето, капацитетот ќе достигне дури милијарда литри вода, што претставува пораст од околу 70%. Заради споредба, милион кубни метри вода се доволни за целосно да биде потопена катедралата Stephansdom. Само првата фаза, која ќе трае до крајот на 2028 година, вклучува изградба на две нови комори со капацитет од 200 милиони литри. Во втората фаза предвидени се уште две комори и обнова на постоечките. Кога работите целосно ќе бидат завршени, виенскиот систем од 31 резервоар ќе може да чува вкупно околу 2 милијарди литри вода за пиење.

Испрати коментар

Scroll To Top