Насловна / Вести / Австралија конечно ќе започне со инвестиции во офшор ветерни електрани

Австралија конечно ќе започне со инвестиции во офшор ветерни електрани

Австралија конечно ќе започне со користење на своите огромни потенцијали во офшор ветерна енергија, зајакнувајќи го на тој начин своето производство од обновливи извори на енергија, кое досега главно беше фокусирано на фотоволтаици. Имено, австралискиот парламент расправа за нов закон кој по прв пат ќе дозволи изградба на офшор ветерни електрани во водите околу Австралија. Офшор ветерните електрани  се во фокусот во Европа, Северна Америка и Азија, бидејќи така се произведува енергија кое е исклучително конкурентна на пазарот. Австралија има одлични потенцијали особено на југот, а идентификувани се 12 проекти, кои досега не можеше да се градат поради отсуство на легислатива. Австралискиот оператор на пазарот ги идентификувал значајните зони со добри ветрови северозападно од Викторија и Тасманија, со моќност од околу 40GW. Најзначајнит поединечен проект во Австралија е Star of the South со 2,2GW.

avstralija1
avstralija2

Испрати коментар

Scroll To Top