Насловна / Вести / Desk Matrix – светлосна игра со форми и димензии

Desk Matrix – светлосна игра со форми и димензии

Италијанската компанија Nemo претстави нов систем на осветлување. Колексијата Desk Matrix си игра со димензии. Мошне е едноставна, а истовремено моќна.

4_resize

Со Desk Matrix, модуларниот систем на Nemo, Linescapes, сега може да се конфигурира во правоаголни и квадратни форми, и вертикално и хоризонтално. Елегантни, континуирани светлосни линии одговараат на било која големина на маса или дизајн на ентериер.

3_resize

Осветлувањето е погодно и за деловен и за приватен простор, но дефинитивно бара голема висина на просторијата. Изворите на светлина можат да се ротираат 360 степени, нудејќи целосна флексибилност во начинот, интензитетот и видот на осветлување. Различните елементи овозможуваат состав на континуирани линии и рабови, со светлосна ефикасност и одличен степен на дифузија.

Nemo ефикасно го решил и проблемот со замена на вградените LED светилки, при што елементите за осветлување можат лесно да се променат.

5_resize

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top