Насловна / Вести / Авион на водород, приоритет на Airbus

Авион на водород, приоритет на Airbus

Развојот на авион на водород е „стратешки приоритет“ на мултинационалната европска компанија Airbus, која објави три концепти за овој проект. Една од овие опции ќе влезе во сообраќај до 2035 година. Извршниот претседател на Airbus, Guillaume Faury, во своето интервју за Le Parisien вели дека „развојот на авион со гориво без јаглерод не бара драматичен технолошки исчекор“.

airbus4

Тој потсетил дека Airbus веќе користи погон на водород за своите сателити и ракетата Ariane. Според неговите зборови, изборот и „созревањето“ на технологијата ќе трае пет години, а потоа две години се потребни за подготовка на добавувачите и фабриките. Така, почетокот на програмата е закажан за приближно 2028 година. „Нашата амбиција е во 2035 година да бидеме првиот производител кој ќе пушти во сообраќај ваков авион“, рекол Faury.

airbus2

Овој распоред одговара на целта – „авион без јаглерод“, која на почетокот на јуни е поставена од страна на француската влада, која за тоа планира да издвои 1,5 милијарди евра до 2022 година. Решението се бара преку три концепти. Првиот концепт е млазен „авион со класична конфигурација“, со капацитет до 200 седишта и долет поголем од 3.500 километри. Вториот концепт е авион со пропелери, за околу 100 патници, за пократки патувања. Третиот концепт е најкомплициран, но за инженерите е најголем предизвик – „летачко крило“, со околу 200 седиште кое овозможува потполно различна конфигурација и за резервоарот за водород и за погонот.

airbus1

 

Покрај техничкиот развој, мора да еволуира и регулаторната рамка, со цел користење на водородот во комерцијалните авиони.  Ќе биде неопходно да се подготви и инфраструктурата на аеродромот за складирање на водород во големи количини.   „Зелениот водород“ треба да се произведува со електрична енергија од обновливи извори, што денес е многу поскапо од водородод со фосилно потекло, чие производство е голем загадувач.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top