Насловна / Вести / „Малиот залив“ како потковица за брегот на Сан Франциско

„Малиот залив“ како потковица за брегот на Сан Франциско

Проектот наречен „Малиот залив“ е наменет за крајбрежјето на Сан Франциско. Станува збор за обнова на столбовите 30-32 кои изгореа пред 36 години и сега се користат како паркинг.Овој простор се планира да се претвори во кампус со различни содржини и со парк кој е јавно достапен. Проектот е направен од студиото Heatherwick.

Комплексот е во форма на потковица и се состои од модуларни конструкции кои личат на „бараки“ лоцирани над водата по ред. Наклоните на покривот на овие 26 индивидуални модули за градење се разликуваат по висина за да симулираат форма налик на бран на хоризонтот.

zaliv

Во централниот дел има плоштад кој е планиран за различни видови на групни активности и организирање настани. Бидејќи „заливот“ е во форма на потковица низ внатрешноста, пејзажот се спушта кон водата преку патеките и пловечкото мочуриште. Мирната вода во овој дел, заштитена од отворена површина, може да се користи за многу содржини. Тука може да се организираат активности на вода, да се постави пловечка бина или кино-екран, со што паркот ќе се претвори во неформален амфитеатар.

zaliv1

Проектот исто така содржи одредени елементи на одржливост и е еколошки одговорен. Иновативниот кров од соларна шиндра и масивна дрвена конструкција се само некои од карактеристиките. Проектот е целосно енергетски независен, јаглеродно неутрален.

zaliv2

Овој комплекс е динамичен вид јавен простор што може да биде платформа за голем број активности насочени кон заедницата, вклучително одржување настани на плоштад, поставување тезги за пазар во централниот простор, поставување пловечка бина и претворање на паркот во амфитеатар и слично. Ќе бидат обезбедени делови за пристап на чамци и бродови долж работ на „заливот“.

Веднаш штом ќе се добие „зелено светло“ за реализација на проектот, работите можат да почнат релативно брзо. Завршувањето се очекува по неколку години, а се планира да биде во 2026 година.

zaliv3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top