Насловна / Вести / Словенија: Крањ стартуваше дигитална трансформација во памeтен град

Словенија: Крањ стартуваше дигитална трансформација во памeтен град

Со намера да стане паметен град, Крањ ги ангажирал инженерите од љубљанската компанија „Рико“ и неколку локални фирми во пилот проектот во една своја населба. Согласно насоките кои ги определила општината, тие ќе можат да ги собираат и анализираат податоците од паметните броила за електрична енергија, гас и вода, како и да постават сензори за следење на квалитетот на воздухот и сообраќајот. Властите во градот со речиси 40.000 жители, четврт по големина во Словенија, ќе ги искористи податоците од предградието Млака, за моделот кој треба да се примени во целиот град. Целта е преку дигиталните решенија да се подобри животот на заедницата. Млака е избрана за дигитална трансформација бидејќи таму е веќе во тек реконструкција на инфраструктурата во рамките на проектот „Горки 2“. Споменатите паметни уреди, во дадени временски интервали овозможуваат покажување на податоци за одредени подрачја и преку мобилни апликации.

mlaka1

IMG_4397.jpg

 

„Паметна Млака“ е првиот ваков проект во земјата, а предвидено е да заврши до крајот на годината. Опфатени се и јавното осветлување и јаглеродниот отпечаток – емисиите на јаглерод диоксид. Со цел потрошувачката на енергија и светлосното загадување бидат на најниското можно ниво, уличните светилки ќе работат само кога ќе има присуство на луѓе на улиците, а постои и можност за прилагодување на интензитетот на осветлувањето. Крањ ќе воспостави и паметен систем за известување на граѓаните на оваа населба за евентуална опасност и неповолни временски прилики. Податоците за протокот на возила ќе се користат за безбедност во сообраќајот, а итните служби ќе можат побрзо да стигнат до критичните места, бидејќи ќе се управува со сообраќајната сигнализација.

Со индикатори во реално време, домаќинствата и комуналните претпријатија можат веднаш да реагираат на пукната цевка за вода или гас, и неусогласеност во билансот на снабдување и потрошувачка на електрична енергија. Сензори ќе ги пребројуваат и велосипедистите заради утврдување на трендовите во урбаната мобилност, а паметните шахти ќе регистрираат нивно отворање и ќе можат да ги снимат глодарите. Најавени се и зафати во системот за управување со отпадот.

DCIM106GOPRO

mlaka4

 

Испрати коментар

Scroll To Top