Насловна / (page 1069)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Водно повторно на отстрел

Image
... СО ДОЗВОЛАТА ЗА ГЕОТЕХНИЧКИ ИСПИТУВАЊА ВО ПАРК-ШУМАТА

Заканата за уништувањето на добар дел од Парк-шумата Водно повторно надвисна над Скопје откако на иницијатива на 18 советници и без никакви образложенија, Градскиот совет £ одобри на Агенцијата за државни патишта, поранешен Фонд за магистрални и за регионални патишта, да врши геотехнички истражувања во Парк- шумата Водно. Во одлуката не пишува зошто ќе се вршат тие истражувања, но советниците од опозицијата нагласија дека зад тоа се крие идејата да се сече дел од шумата на Водно за да се изгради пат до новата населба Сончев Град во Општината Сопиште. Од Агенцијата потврдија дека ќе се испитува дали може оттаму да се гради новата сообраќајница.

повеќе »

Мутации

Image
Комплексната природа на процесот на трансформација на современите градови во последниве години често се објаснува со помош на аналогиите со дифузниот органицизам. Овие и други интердисциплинарни теории настојуваат да се приближат повеќе до причините, отколку да дадат предлози за ефикасни инструменти за интервенција, особено поради фактот што манифестациите на проблемите се многу разнородни и ги погодуваат подеднакво и богатите и сиромашните општества, со различни култури, бројност и густина на населеност. Со оглед на тоа што одредени појавни облици на мутантни процеси можат да се идентификуваат и во нашата транзициона состојба на перманентна трансформација, корисно е да го проследиме текстот на Игнаси де Сола-Моралес, за сегашноста и иднината на градовите, кој иако датира од пред десетина години, допрва добива во значење за стратегиите во разрешувањето на опозициските состојби на урбанитетите.

повеќе »

ХС„ЗЛЕТОВИЦА“: На тендерот за хидроцентралите пет мак-фирми

Пет компании, сите македонски, доставија понуди со кои ќе се натпреваруваат на тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на седум мали хидроцентрали на браната “Кнежево”, која е главен хидротехнички објект од регионалниот Хидросистем “Злетовица”. Тендесрката комисија одлуката за ...

повеќе »

Патот се тресе како прачка

Image
Иова лето се слушаа редовните негодувања на возачите околу тоа дека делницата од магистралниот пат низ Мојковац, долга 27 километри, ја пречекала и испратила туристичката сезона без санација на дотраениот коловоз. Изостана дури и обновата на вертикалната и на хоризонталната сигнализација, што е причина за чести сообраќајни несреќи. Многумина со причина се прашуваат дали оваа делница воопшто и припаѓа на магистралната сообраќајница која води кон главниот град на Црна Гора и кон приморјето. Возачите се особено револтирани поради ризиците кои демнат на мостот “Газела“, под превојот Крстац, кон Рибаревина и на оној на Јушковиќ Поток, на самиот влез во градската населба од правецот на Бело Поле.

повеќе »

Англиски доградби без дозволи

Image
Неодамна, Министерството за заедници ги објави измените на урбанистичките прописи со кои се регулира издавањето на урбанистички согласности за адаптација и проширување на постојните едносемејни станбени објекти во Англија и во Велс. Со новите прописи што стапија на сила на 1-ви октомври во голема мера се либерализира системот за урбанистича контрола за оваа категорија на објекти.

Новите прописи претставуваат своевидна надградба на постојниот концепт за дозволени права за проширување (Permitted Development Rights) според кои мал број на детално дефинирани градежни работи може да се изведат на едносемејните станбени објекти без потреба за поднесување на барање и добивање на урбанистичка согланост. Овојпат со прописите значително е зголемен обемот на ваквите градежни работи кои може да се направат без урбанистичка согласност, но исто така се вклучени и инсталациони работи кои може објектите да ги направат поодржливи. Така делумно се вклучени градежните работи свразни со соларните панели за загревање на водата; фотоќелиите за електрична енергија; бојлерите на биомаса; земјените, водените и воздушните изменувачи на топлина за загревање и ладење, па дури и за турбини за генерирање на електрична енергија преку ветер. При што за последните, прописите се уште се во почетната фаза.

повеќе »

Камен – темелник на деловниот објект „Хипериум”

Image
ХИПО АЛПЕ АДРИА ЛИЗИНГ

Хипо Алпе Адриа Лизинг постави камен-темелник на својот деловен центар “Хипериум”во Скопје, вреден 17 милиони евра.

Центарот, која се планира да биде готов за една година ќе биде изграден на вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со пет катови, подземни гаражи и паркинг места за околу 200 автомобили. На еден кат ќе биде сместена Хипо Групацијата, а останатите четири ката ќе се даваат на лизинг или ќе се издаваат. Просториите ќе бидат најсовремено климатизирани и мрежно поврзани, а ќе имаат и системи за заштеда на електричната енергија.

Според министерот за економија Фатмир Бесими овој настан е доказ за реализацијата на реформите за подобра деловна клима во Македонија и претставување на земјата како поволна бизнис дестинација.

повеќе »

Подигнати првите 49 овластувања за планери

КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вкупно 49 дипломирани инженери архитекти ги подигнаа овластувањата за изработка на урбанистички планови, планери и потписници на планска документација. Во изминатиот период до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија беа доставени 82 барања за издавање на овластувања. Сите барања се позитивно решени. Останатите инженери архитекти своите овластувања ќе ги добијат по завршувањето на административната процедура.

повеќе »

ВО 2007 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА: Во државна сопственост 5.691 стан

На крајот на минатата година во Република Македонија имало 5 691 стан во државна сопственост, соопшти Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, вкупната површина на овие станови изнесувала 283 592 квадратни метри. Во текот на 2007 година изградени се ...

повеќе »

По Нова година нема работа без лиценци и овластувања

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најавува дека уште во текот на овој месец Министерството ќе почне да ги издава лиценците за работа на градежните фирми и проектантските куќи, кои се обврска што произлегува од Законот за градење. Во ...

повеќе »

СОБА ПОВЕЌЕ

Како да го уредиме станот за во него да добиеме детска соба, а воедно да организираме кујна, трпезарија, дневна и одделна спална соба – прашува наша редовна читателка. Станот може да ги исполни барањта на вашето семејство и поубаво да ...

повеќе »

Малку поинаков софтвер – слободен софтвер

Image
На почетокот на октомври, во Скопје се одбележа Денот на слободниот софтвер. Онака како што и се очекуваше, денот помина тивко и без помпи. Меѓу другите активности, централниот настан се случи на скопскиот плоштад каде мала група млади ентузијасти го промовираа слободниот софтвер и делеа бесплатни дискови. Ден претходно, во хотелот “Александар Палас“ заврши традиционалната, Мајкрософтовата “Визија“ број шест, најголемо ИТ случување во земјава. Убаво е, барем колку за споредба, да се истакне ефектот од двете манифестации. “Визија“ помина со чувство на супериорност на производите на “Мајкрософт“, пред се “Виндоус“ оперативните системи, додека ФСД08 (Фри Софтвер Деј 2008 - Ден на слободниот софтвер 2008) не се спротивстави на таквиот заклучок. Иако најавено во медиумите, искрено потрошив пет минути шетајќи низ плоштадот да ја најдам ФСД08 манифестацијата, а кога веќе ја најдов, таа се состоеше од едно распнато платно на кое неколку момци со автолакови испишуваа графити и два-тројца промотери.

повеќе »

„Соларис” игра на светлината на „Македонска пошта”

Проектот “Соларис“ на германската уметничка Стефани Буш скопската публика имаше прилика да го види на 4 октомври на влезот на зградата на “Македонска пошта“ – Главна пошта во центарот на градот. За овој невообичаен простор Буш се одлучила бидејќи била ...

повеќе »

Вегас – град на лошите бајки

Image
Од бајките, мечтите и сказните знаев за фонтани од кои наместо вода тече чоколадо. А, ако случајно го посетите Лас Вегас, ќе се уверите дека таква фонтана навистина постои. Две тони топено бело и црно чоколадо затворено во стакло каскадно паѓа од под до плафон во еден од холовите на хотелот “Белаџио“. Но, тоа не е единственото чудо. Холови преполни со свежо цвеќе, 2.000 цвеќиња од дувано стакло во најразлични бои, продавници на најпознати дизајнерски имиња, ботанички градини со егзотични растенија, птици и инсекти, луксузни ресторани, кафеа, бизнис-центри, ноќни клубови, казина и шоу на вода и светлина според музичка кореографија го прават хотелот атракција видена од над 40 милиони збунети и воодушевени посетители годишно. Со своите хотели “Белаџио“, “Цезар Палас“, “Ескалибур“, “Луксор“, “Мираж”, “Монте Карло“, “Њујорк Њујорк“, “Парис Лас Вегас“, “Планет Холивуд“, “Рио“, “Ривиера“, “Трежр Ајланд“, “Тропикана“, “Венеција“, Вегас го пренесува волшепството на светот во средиштето на пустината Мохаве во Невада и се претвора во највозбудлив град на нашата планета.

повеќе »

Површна реконструкција на тетовскиот плоштад

Image
Со површна реконструкција ќе се подновува градскиот плоштад во Тетово. Наместо досегашните мермерни плочи ќе се поставува гранит, а дел од елементите поради поголема функционалност на просторот ќе се отстранат.

- На градскиот плоштад Илирија немаше ниту една здрава плоча, сите беа искршени или оштетени од "забот“ на времето. Сега ќе ставиме гранитни плочи кои имаат поздрав тампон, за разлика од мермерните кои биле поставени пред три децении, изјави Неџати Јакупи од секторот за урбанизам при Општина Тетово. На плоштадот ќе се отстранат неколкуте големи жардиниери, на чие место ќе се постави зеленило. Идејата е да се овозможи полесно поминување низ плоштадот, а со тоа ќе може да се постават клупи за одмор. Исто така ќе се тргнат и меморијалниот ѕид на народните херои, мермерните клупи и фонтаната. Наместо обични светилки ќе се стават сензорски светла.

повеќе »

ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ КАРГОТО ВО ШТИП ВО НАЦИОНАЛЕН ПАТНИЧКИ АЕРОДРОМ?

Image
Имајќи ја предвид аспирацијата на Македонија за членство во НАТО, важен дел од овој систем е логистиката која државата треба да и ја пружи на Алијансата. Покрај воениот полигон Криволак, во иднина сосема е извесно дека Скопскиот аеродром ќе прерасне во воен, додека цивилната функција постепено ќе ја преземе Штипскиот карго аеродром. Многумина ваквата претпоставка ја поврзуваат со воениот комплекс непосредно до скопскиот аеродром кој не сака многу мешање со цивилниот аеро сообраќај.

Локацијата кај Сушево каде ќе се гради карго аеродромот е идеална за оваа намена. Локалитетот Сушево е еден вид врата кон Овчеполието кое е претежно рамнинско, со идеална клима. Во текот на летото нема дождови, во текот на зимата нема магла. Тоа го прави сосема погоден за цивилен аеродром. Воздушната линија од 30 километри до Петровец и околу 75 километри од центарот на Скопје се дополнителен фактор.

повеќе »
Scroll To Top