Насловна / Порта3 / „Соларис” игра на светлината на „Македонска пошта”

„Соларис” игра на светлината на „Македонска пошта”

Image

Проектот “Соларис“ на германската уметничка Стефани Буш скопската публика имаше прилика да го види на 4 октомври на влезот на зградата на “Македонска пошта“ – Главна пошта во центарот на градот. За овој невообичаен простор Буш се одлучила бидејќи била фасцинирана од модерната архитектура на Скопје.

Проектот е дел од серијалот преку кој таа, применувајќи специфична техника на поставување на транспарентни фолии врз стаклени површини креира дела на јавни простори низ Европа. Стаклената фасада (7х15 м) од влезната врата на Главната пошта беше облепена со транспарентни фолии, чиј мотив е вегетацијата. Фолиите, кои за разлика од нејзините претходни дела, овој пат беа осветлени однатре, го привлекуваа вниманието на случајните минувачи врз зградата која некогаш претставуваше вистински симбол на модернизмот, а која во ова дело на Буш е “обрасната“ со растенија.

“Соларис“ е втора изложба која Стефани Буш ја реализира во Скопје. Во рамките на Белата ноќ во Културниот центар “ЦК“ беше отворена нејзината изложба “Прострелни рани“. Проектот е реализиран со поддршка на германската амбасада во Скопје, Министерството за култура на Македонија, градот Дрезден и градот Скопје.

 

Објавено во број 92. 

Испрати коментар

Scroll To Top