Насловна / Вести / Површна реконструкција на тетовскиот плоштад

Површна реконструкција на тетовскиот плоштад

Image

Со површна реконструкција ќе се подновува градскиот плоштад во Тетово. Наместо досегашните мермерни плочи ќе се поставува гранит, а дел од елементите поради поголема функционалност на просторот ќе се отстранат.

– На градскиот плоштад Илирија немаше ниту една здрава плоча, сите беа искршени или оштетени од "забот“ на времето. Сега ќе ставиме гранитни плочи кои имаат поздрав тампон, за разлика од мермерните кои биле поставени пред три децении, изјави Неџати Јакупи од секторот за урбанизам при Општина Тетово. На плоштадот ќе се отстранат неколкуте големи жардиниери, на чие место ќе се постави зеленило. Идејата е да се овозможи полесно поминување низ плоштадот, а со тоа ќе може да се постават клупи за одмор. Исто така ќе се тргнат и меморијалниот ѕид на народните херои, мермерните клупи и фонтаната. Наместо обични светилки ќе се стават сензорски светла.

– Од вкупната површина од 5.400 квадратни метри, најголем дел, 4.700
квадрати, ќе биде рамна гранитна површина. Останатиот дел ќе го
зафаќаат бекатон плочки кои ќе се постават на горната страна на
плоштадот кон станбено-деловните објекти како и зелениот појас, вели
Јакупи. Проектот за реконструкција е одобрен од секторот за урабнизам,
а Општината ќе издвои 290 илјади евра за да се реализира
реконструкцијата. Фирмата "На-ер“ го иразботи идејното решение, а
изведувач е "Еуропроект“.

Плоштадот од сите четири страни е заграден со метална жица и со
ленти кои го одбележуваат изведувањето на работите, кои се очекува да
траат најмногу 90 денови. Градежните потфати започнаа со раскопување на
мермерните плочи, отстранување на електричната и водоводната
инсталација, светилките. Плоштадот е направен во 1970 година, кога
завршила петгодишната градба. Сега Општината на јавен тендер откупи
идејно решение за комплетно преуредување на централното градско јадро
со кружен тек, подземен паркинг и шеталиште, но поради немање доволно
средства реализацијата е одложена за подобри времиња.

 

Д.Т.
Објавено во број 92.

Испрати коментар

Scroll To Top