Насловна / Вести / „Ауди“ донесе одлука: Наскоро само електрични автомобили!

„Ауди“ донесе одлука: Наскоро само електрични автомобили!

Брендот „Ауди“ има намера постепено да престане со производство на возила со мотори со внатрешно согорување. Овој автомобилски гигант планира во период од 10 до 15 години, да се префрли исклучиво на производство на електрични автомобили. Компанијата во моментот работи на конкретен план за реализација на оваа своја одлука, па се очекува точните датуми на запирање на производството на секој од класичните модели на овој бренд, да бидат познати во текот на наредните месеци.

Извршниот директор на „Ауди“, Маркус Дусман, во своето неодамнешно интервју за еден германски неделник вели: „Заштитата на животната средина и економскиот успех многу добро одат заедно“.

audi1

audi2

Испрати коментар

Scroll To Top