Насловна / Вести / Новата италијанска влада формираше Министерство за еколошка транзиција

Новата италијанска влада формираше Министерство за еколошка транзиција

Новата италијанска влада фомираше Министерство за еколошка транзиција, во кое се обединети ресорите енергетика и заштита на животната средина. Ова се толкува како знак на посветеност кон опоравувањето од кризата предизвикана од пандемијата, а кое ќе се базира на зелената енергетска транзиција. Новото министерство ќе го предводи физичарот Roberto Cingolani, основач на италијанскиот институт за технологија (Istituto Italiana di Tecnologia – IIT) во Џенова. Новоизбраната влада која ја предводи премиерот Mario Draghi, поранешен претседател на Европската централна банка, сега би требало да го преработи планот за опоравок на земјата од економската криза, и да го достави до Европската комисија до април.

Италија може да смета на над 200 милијарди евра од фондот на Европската унија за опоравување, од кои 70 милијарди евра мора да бидат искористени за еколошка транзиција. На првата седница на владата, премиерот истакнал дека Италија сега ќе има „еколошка влада“.  Со формирањето на Министерството за еколошка транзиција, Италија го следи примерот на Франција и Шпанија, кои веќе имаат такви министерства.

draghi1

draghi2

Испрати коментар

Scroll To Top