Насловна / Вести / Atlantic Ocean Road во Норвешка – спектакуларен пат (ВИДЕО)

Atlantic Ocean Road во Норвешка – спектакуларен пат (ВИДЕО)

Atlantic Ocean Road (или норвешки Atlanterhavsvegen/Atlanterhavsveien), овој спектакуларен и легендарен пат се наоѓа во Норвешка, поминува низ архипелаг во општините Hustadvika и Averøy во округот Møre og Romsdal county.

7

Поминува покрај Hustadvika, незаштитен дел на Норвешкото море, поврзувајќи го островот Averøy со копното и полустровот Romsdalshalvøy. Делницата долга 8.3 километри изградена е на неколку мали острови и карпи, поврзани со насипи, вијадукти и осум моста, од кои најистакнат е мостот Storseisundet Bridge.  Atlantic Ocean Road е втората најпосетувана атракција во Норвешка. Отворен е за сообраќај во 1989 година и со своите 8,3 километри поминува низ архипелаг од 8 различни острови.

5

На почетокот на 20. век трасата била предложена како железничка линија, но таа идеја е напуштена. Планирањето на патот започналчо во 1970-тите години, а изградбат во август 1983 година. Патот е отворен на 7. јули 1989. и чинел 122 милиони норвешки круни.

1

Atlantic Road ја освоил и награда најдобра норвешка градба на векот. Патот е туристичка атракција поради своите необични мостови, а најпознат и најдолг мост е Storseisundet (260 метри), кој со својот свиок стана симбол на овој пат.

3

Возејќи по овој пат, можете да уживате во прекрасниот скандинавски пејзаж, а на различни одморалишта да гледате фоки и китови или само да се восхитувате на разорните бранови што удираат по патот. Ако имате среќа, може да наидете на ураган кој не е стран за овој предел. Само при изградбата на патот поминале 12 урагани.

За сите љубители на риболовот постои специјално изграден и проектиран мост за локалното население и туристите каде може да се фати бакалар.

6

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top