Насловна / Архитектура / Познатиот Сан Сиро ќе го замени стадион со стаклена фасада

Познатиот Сан Сиро ќе го замени стадион со стаклена фасада

Италијанските фудбалски клубови Интер и Милан неодамна објавија дека нивниот повеќедецениски дом ќе биде заменет со стадион проектиран од архитектонското студио Populous.

Наречен Катедрала, новиот стадион во Милано ќе биде домаќин на навивачите на трофејните фудбалски клубови од Серија А, кои од 1926 година играат на стадионот „Џузепе Меаца“, познат и како Сан Сиро.

stadion

Според претставениот проект на Populous, новиот стадион ќе има правоаголна форма и ќе може да прими 60 илјади посетители, пишува Dezeen.

Според архитектите, обликот на стадионот бил инспириран од двете најпознати градби во градот – катедралата Дуомо ди Милано и Галеријата Виторио Емануеле.

Надворешноста на зградата се карактеризира со стаклена фасада, поддржана од цврсти „пердуви“, кои ќе се прошират кон надвор за да го организираат просторот што архитектите го опишуваат како „сончева галерија“.

Исто така, фасадата ќе ги менува боите во зависност од тоа кој од миланските клубови настапува тој ден. За потребите на натпреварите на Милан ќе свети црвено-сино, додека за време на настапот на Интер надворешноста на стадионот ќе биде сино-црна.

stadion1

Внатрешноста на стадионот е проектирана да создаде „најинтимна атмосфера во Европа“, поставувајќи ги навивачите што е можно поблиску до теренот.

Стадионот ќе биде покриен со фотоволтаични панели, а дождовницата од кровот ќе се собира и повторно ќе се користи во рамките на објектот.

“Катедралата ќе стане еден од најпознатите стадиони во светот на фудбалот“, изјави извршниот директор на Populous, Кристофер Ли.

Тоа ќе биде објект од светска класа, модерен и нарачан дом за славните клубови како што се Милан и Интер, и ќе претставува ново срце што чука во овој градски кварт. Тоа ќе биде стадион во кој ќе уживаат сите граѓани на Милано со генерациите што доаѓаат, стадион кој е лојален на градот и го почитува неговото наследство, додаде тој.

stadion2

Предвидено е новиот стадион да се гради веднаш до постојниот Сан Сиро, кој потоа ќе биде урнат како дел од реконструкцијата.

Планот е да се воспостави околина наменета само за пешаци, додека паркингот ќе се премести под нивото на земјата и ќе биде покриен со повеќе од 110 илјади квадратни метри зелена површина.

„Сан Сиро“ е еден од најпознатите стадиони во светот, проектиран од архитектот Улисес Стачини и интензивно реновиран во пресрет на Светското првенство во 1990 година од страна на Ragazzi and Partners.

stadion3

Неговата планирана замена е секако контроверзна, а архитекти, критичари и тела кои се занимаваат со историското наследство го критикуваа неговото уривање.

Минатата година италијанскиот архитект Анџело Рена предложи стадионот да се претвори во меморијален центар за жртвите од корона вирусот, со тоа што ќе го наполни со 35 илјади чемпреси.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top