Насловна / Ентериери / „АРТ Мебел“ го отвори вториот салон во Скопје

„АРТ Мебел“ го отвори вториот салон во Скопје

art mebel salon_2
По една година постоење, компанијата „АРТ Мебел“ го отвори вториот салон во Скопје на улица „Првомајска“. Со ова Скопје доби уште едно место на кое може да најде мебел и кујни за уредување на домовите. „АРТ Мебел“ е присутен во Скопје од минатата година, кога отвори својот прв салон во населбата „Бутел“. „Потрошувачите се задоволни од нашата разновидна понуда и забележавме дека еден салон не е доволен за да ги задоволи потребите на сите заинтересирани. Поради тоа решивме да се доближиме до сечиј дом, а тоа го постигнавме со отварањето на новиот салон на улица „Првомајска“ во кој ќе понудиме квалитетен мебел и кујни за сечиј вкус“, изјавија од менаџментот на АРТ Мебел. На минатогодишниот Саем за мебел за најдобри решенија освоија награда за вградливи кујнски елементи.
art mebel salon_3 art mebel salon_1

Испрати коментар

Scroll To Top