Насловна / Архитектура / Архитектите прашуваaт, Винербергер одговара

Архитектите прашуваaт, Винербергер одговара

Денес во архитектурата постои тренд на објекти со прочистени и прави линии, а со тоа и со рамни покриви. Со други зборови, клиентите го бараат тоа. Како гледате на современото спротиставување на рамната во однос на косата линија при архитектонското обликување?

Трендот на минимализмот со прави линии не нè одмина и свесни сме за желбата на крајните инвеститори да имаат модерни објекти. Сепак, ние држиме до тоа дека практичноста и потребите на долг рок треба да застанат пред трендовите.

Рамните покриви се атрактивни, но на нашето поднебје, каде температурата има распон од -33 до 46°С и има чести земјотреси, изградбата на таков покрив според сите прописи е многу поскапа, а неговиот животен век е околу 10 години.

Благите и стрмните покриви, пак, имаат животен век над 40 години. Тие се петтата фасада на објектот. Имаат можност за изразување на регионалниот архитектонски идентитет и бргу се ослободуваат од водата, што е главната функција на покривот. Плус, нивното санирање е многу поретко и поедноставно.

 

RS_Porodicna_kuca_Twist_2020

RS_Porodicna_kuca_Twist_2020

Клиентите денес имаат големи барања и во поглед на боите и големината на ќерамидите. Колку вашите производи одговараат на овие барања?

Естетиката кај нас секогаш оди рака под рака со квалитетот. Колку што инвестираме во врвни технологии за производство, толку се посветуваме и на изгледот на производите.

Знаеме дека луѓето сакаат да направат покрив кој ќе ја издвои нивната куќа во однос на околината и кој ќе биде одраз на нивниот вкус. Затоа, нашите ќерамиди се достапни во широка палета на бои и нијанси. Без разлика дали се природни, енгобирани или глазирани, тие даваат целосно природен изглед и класична елеганција на покривот. Дополнително, сите додатоци за системско решение на покрив, како капаци, снегобрани, разделници на било… ги имаме во истите нијанси и типови како и ќерамидите, за нивно природно претопување во целосниот изглед на покривот.

Исто така, и во поглед на големината на ќерамидите, нашата понуда е приспособена на тековните барања на инвеститорите. Во портфолиото имаме ќерамиди со голем формат, како што се Сатурн, Континентал 9, Твист 9, Венера (со димензии околу 30х50 cm), а тука се и останатите, со помал, стандарден формат: Винеам, Македо, Медитеран плус.

Нашата цел е да понудиме фукционални и креативни алтернативи за современите проектанти, да им овозможат поголема кастомизација при нивните решенија и да создадат простор за нивниот израз.

Villa Linea

Big House eco friendly

Имате ли производи кои се осмислени и создадени специјално за нашето поднебје, со сите негови географски, климатски и социјални специфики?

Ова е прашање што често го добиваме. И одговорот е: да, ја имаме ќерамидата Винеам. При нејзиното создавање е размислувано да може да одговори на сите овие специфики.

Винеам е ќерамида направена од македонска глина, од земја од ова поднебје, која е најпогодна за нашите краишта. Ќерамидата е со мазна структура, странично задебелување и изразено рамно вдлабнување.

Vineam black engobe_resize

Со својот дизајн и функционалноста, Винеам (25,5 x 43,5 cm) е погодна за сите видови покриви. Бидејќи станува збор за ќерамида со поместување (со лизгачка област од 30-37,5 cm), идеална е за санации на покриви. Оптимално се вклопува на постоечките летви, со што ќе заштеди и време и пари на вашите клиенти.

Гордо можеме да кажеме дека Винеам е еден од најбезбедните, најефикасните и најубавите покривни материјали на нашите простори и најсрдечно ја препорачуваме.

* * * * *

Wienerberger во моментот спроведува активна кампањата со ваучери од 50 евра за секој нов покрив што ќе се гради до крајот на годината.

Квалитетот на производите е константен. Привремена е само промотивната можност вашите клиенти да добијат ваучер од 50 евра за нивниот нов покрив. Настапете професионално и информирајте ги за можноста што трае до 31 април.

Регистрациите за ваучер можат да се направат само дигитално, на www.wienerberger.mk или на линкот од кодот:

0_resize

Print spisanie 207 x 90 mm final

Комерцијален текст

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top