Насловна / Архитектура / Медицинска установа каде и најсериозните болести полесно се поднесуваат

Медицинска установа каде и најсериозните болести полесно се поднесуваат

Ги набљудуваме луѓето околу нас, мислиме: на сите им е добро, а нашите проблеми се најголеми. Ако згребаме по површината, погледнеме малку подлабоко и влеземе во комуникација, ќе откриеме дека некои од овие луѓе се борат со една од најтешките болести на денешницата, ракот. Ви претставуваме мал, но на многу начини голем и важен објект каде болните од рак, како и членовите на нивните семејства и пријатели, можат да побараат совет и утеха.

1_resize

Просторот и непосредната околина влијаат на квалитетот на секојдневниот живот, а објектите наменети за советување и рехабилитација на тешко болните можат со својата архитектура, функционални решенија, транспарентна, сончева и хумана внатрешност и со мали зелени оази да формираат повесел поглед на животот, што ги зголемува изгледите за излекување и од најтешките болести. Концептот на центарот за советување раководен е од идејата дека позитивната атмосфера, советите и искуствата на медицинскиот персонал, едноставно – љубезен збор, насмевка и внимание, ќе го разведрат лицето на болните, ќе ги исушат солзите, ќе измамат насмевка, ќе влеат сила и осветлат нов пат по кој треба да се оди понатамо.

12_resize

Cancer Centre (Livsrum) Naestved, Denmark. Architect: Effekt.  E

Секако дека е многу важен и самиот просторот каде се лекуваат, советуваат и престојуваат пациентите. Атмосферата во повеќето болници е главно студена и стерилна. Токму оваа констатација била основната идеја – водилка при проектирање на Центар за советување на болни од рак – да се создаде простор кој е отворен, топол и удобен и во кој корисниците се чувствуваат добредојдени.

Cancer Centre (Livsrum) Naestved, Denmark. Architect: Effekt.  E

Токму таков е  Livsrum,  Центар за советување на заболени од рак, проект на архитектите од бирото EFFEKT. Овој објект со површина од 800 квадратни метри и припаѓа на Næstved болницата во Копенхаген, која е специјализирана за различни видови на оваа болест. Советувалиштето се наоѓа во близина на болничкиот центар и е во непосредна близина на станбен дел со резиденцијални вили.

3_resize

Наместо да изградат традиционален објект со правоаголна основа, архитектите проектирале зграда која се состои од седум единствени објекти меѓусебно поврзани во една функционална целина, со два одвоени внатрешни дворови. Поставен на агол и на релативно тесна парцела, објектот се наоѓа помеѓу две фреквентни и бучни улици. Ваква локација овозможува добар и лесен пристап со возилата, но во исто време го отвора и проблемот на изолирање на просторот од бучава.

14_resize

Со одличната организација на просторот и интересниот спој на неколку поединечни објекти во една целина, архитектите успеале да ја неутрализираат бучавата и да овозможат мирен и пријатен престој за сите посетители на овој центар. Срцето и средиштето на објектот е дневната соба „Livsrum“ која овозможува непрекината комуникација низ Центарот. Секој простор е индивидуално проектиран во согласност со неговата функција и атмосфера и поставен во хармоничен однос со соседот. Функционални целини се: библиотека, кујна, собиза приватни состаноци, фоаје, продавница, теретана и одделение за нега.

4_resize

Кога постојат медицински установи кои повеќе личат на удобен дом отколку на студени болници, дури и најсериозните болести како ракот, полесни се поднесуваат и поуспешно лечат.

10_resize

5_resize

Cancer Centre (Livsrum) Naestved, Denmark. Architect: Effekt.  E

7_resize

8_resize

6_resize

23_resize

15_resize 17_resize 18_resize 19_resize 20_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top