Насловна / Архитектура / Архитект Карел Паржик – градителот на Сараево

Архитект Карел Паржик – градителот на Сараево

Карел Паржик (1857-1942) бил чешки архитект кој најголем дел од својот живот го поминал во Сараево и со право го носи епитетот “градителот на Сараево“. Се доселил во Сараево на своја 26 годишна возарст и никогаш не го напуштил градот под Требевиќ. Таму е и погребан, а на неговата надгробна плоча освен претходно споменатиот епитет стои и „Чех по раѓање, Сарајлија по избор“. Проектирал околу 150 објекти во Босна од кои 70 во Сараево. Едни од најпознатите објекти, знаменитости на градот но и седишта на важни државни институции се токму со негов потпис. Се залагал за задржување на историското јадро на градот и предложил изградба на објекти надвор од старото градско јадро. Сепак, тој сериозно го трансформирал Сараево од турска касаба во европски град. Оставил свој личен печат и направил значаен придонес во урбанизацијата на Сараево и Босна и Херцеговина во времето на Австро-унгарската империја. Во продолжение краток преглед на некои од неговите најзначајни остварувања.

parzik1

parzik2

Хотел „Европа“ – еден од првите модерни хотели во Сараево. Изграден е во 1882 година. Во наредниот период од цели 110 години, тоа бил најпространиот хотел во Сараево, односно од неговото отворање до неговото уништување во војаната во 1992. Хотелот бил реконструиран и официјално отворен во 2008 година на својот 126-ти роденден.

parzik3

parzik4

Националниот музеј на Босна и Херцеговина – една од највпечатливите згради на Паржик во Сараево. Музејот бил основан во 1885, а отворен за јавноста во 1886 година. Зградата се состои од 4 павилјони, како и тераса и ботаничка градина во центарот. Целиот објект е изграден во духот на неоренесансата, а изведбените работи се оддолжиле дури до 1913 година.

parzik5

Национална и Универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина (популарната „Вијеќница“) – проектот за тогашната „Градска Куќа“ започнал во 1891 година, a го започнал токму Паржик и тоа во псевдо мавритански стил. Тој не сакал да ги прифати сугестиите од тогашниот граадоначалник кој сакал овој објект да биде многу голем, па изградбата понатаму ја превзел Александар Витек кој бил инспириран од Џамијата на Кемал II во Каиро. По смртта на Витек, зградата е довршена во стилот кој оригинално го предложил Паржик. И оваа зграда е сериозно оштетена во војната во текот на деведесетите, а комплетно е реконструирана во 2014 година.

parzik6

Landesbank – зграда во која оригинално бил сместен  Grand Hotel (Union Hotel). Но, по Втората светска војна, станува Landesbank (Zemaljska banka). Објектот е изграден во 1893 година, а проектот е заеднички труд на Паржик и неговиот колега Јосип Ванцаш. Фасадата е направена во духот на раната ренесанса. Во 1946 година споменикот „Вечен оган“ е поставен пред главниот влез. Огнот е меморијален споменик на Ослободителите на Сараево и жртвите на фашизмот во време на Втората светска војна.

Parzik7

Академијата на уметностите – денешниот објект на Академијата, првично бил седиште на Евангелистичката црква. Тоа била единствената Евангелистичка црква изградена во времето на Австро – унгарското владеење, и била основана во 1899 година. Проектот на Паржик бил во римско-византиски стил. Во 1911 година изградени се и дополнителни крила на објектот.

parzik8

Ашкенази Синагогата – во времето на Австро – унгарското владеење, во Сараево живееле Евреи Сефарди и Ашкенази. Во 1901 година Ашкеназите започнале со изградба на синагога по проект на Паржик, а завршена е во 1902.

parzik9

Меѓу бројните други негови дела, мора да се споменат и Палатата на правдата, која денес е седиште на Ректоратот на Универзитетот во Сараево, Народниот Театар изграден во 1921 година, катедралата Свети Јосиф (Маријин двор), градена во периодот 1936-1940, куќата на Карл Лангер (денес амбасада на Република Турција) и др.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top