Насловна / Ентериери / Апсолутна слобода со минималистички дизајн

Апсолутна слобода со минималистички дизајн

банки_2

Монтажната куќичка Bunkie им нуди на своите сопственици апсолутна слобода со минималистички дизајн и фасцинантен поглед.банки_5
Вклучувајќи и камин и стаклени ѕидови од подот до таванот, во рамките на компактниот минималистички дизајн, куќата Bunkie може да се однесе каде и да било. Единственото нешто што е потребно за монтажа на оваа структура се рамни и цврсти темели. Таа доаѓа во четири различни модели со дополнителни можности во уредувањето на ентериерот. Наједноставниот модел е Huron, кој доаѓа со висок стаклен ѕид и врати, но затоа Deluxe Premier доаѓа во комплет со стаклени ѕидови од двете страни и камин вграден во ѕидот.

банки_1
Со цел да се задржи едноставноста што е суштината на проектот, внатрешноста е дизајнирана минималистички. Она што е заедничко за сите единици се вградените полици и брачниот кревет, и сè е обложено со дрвени панели.банки_4 банки_3

Испрати коментар

Scroll To Top