Насловна / Архитектура / Анкета на Комората за предлог Законот за градење (2021)

Анкета на Комората за предлог Законот за градење (2021)

Нацрт-текстот на Закон за градење е во подготовка од страна на надлежната институција – Минстерството за транспорт и врски.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) ги става на располагање на државните органи сите свои ресурси и инженерски капацитет, со цел донесување на прецизна и применлива регулатива.

Во насока на тоа, изработена е Анкета која има за цел да го сондира мислењето на сите членови на Комората и ќе отвори дискусии по нацрт-текстот на Законот. Заклучоците и дискусиите што ќе произлезат од оваа Анкета ќе бидат ставени на дневен ред на неколку стручни дискусии што ќе ги организира Комората, каде ќе бидат поканети претставници на изготвувачите на Нацрт-текстот, државните органи, релевантните институции и други засегнати страни.

За пополнување на оваа Анкета, во прилог се доставени материјали за актуелниот Закон за градење [https://bit.ly/vazecki_zakon],  нацрт-текстот на Закон за градење [https://bit.ly/nacrt_zakon], списокот од 40тина предлог измени направени по првичната анкета спроведена во 2019 година [https://bit.ly/prethodni_predlozi], како и формулар за конкретни предлози и коментари по одредени членови од нацрт-текстот [https://bit.ly/formular_zg].

Учество во Анкетата на членовите на КОАИ е од суштинско значење. Комората смета на придонес на своите членови во текстот на овој клучен документ што го регулира градењето во државата.

Анкетата можете да ја пополните тука, се пополува најдоцна до 19 септември 2021 година, до 24 часот.

кк_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top