Насловна / Вести / Американските компании кои развиваат модуларни нуклеарни реактори имаат проблем со горивото – мора да се обезбеди од Русија

Американските компании кои развиваат модуларни нуклеарни реактори имаат проблем со горивото – мора да се обезбеди од Русија

Американските компании кои ја развиваат новата генерација на мали нуклеарни електрани, имаат голем проблем: само една компанија го продава горивото кое им е потребно – „Росатом“ од Русија. Станува збор за високозбогатениот ураниум  - HALEU, кој е обогатен до 20%, намест до 5% како за класичните нуклеарни електрани. Досега ниту една западна земја не го санкционирала „Росатом“ поради војната во Украина, токму поради снабдувањето со гориво, бидејќи не е едноставно да се најде друг извор на снабдување. Американците сега се обидуваат да искористат некои од своите залихи на ураниум од воената индустрија, но секако без сигурен извор на HALEU кој им е потребен на реакторите, развојните инженери се загрижени дека нема да можат ад одговорат ан нарачките з асвоите постројки.

smr1

smr2

Фактот дека Русија практично има монопол врз HALEU долго го загрижуваше Вашингтон, но со почетокот на војната проблемот стана навистина сериозен. Некои компании во САД и Европа планираат да произведат HALEU за комерцијални цели, но дури во најоптимистичките сценарија потребни се најмалку 5 години од моментот на одлуката па до реализацијата.

smr3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top