Насловна / Вести / Amazon ќе врши достава на лекови со дронови

Amazon ќе врши достава на лекови со дронови

Компанијата Amazon, на купувачите во тексашкиот град College Station ќе започне да врши достава на лекови со помош на дронови, а медикаментите ќе им бидат испорачани во рок од еден час од нарачката.  Програмираниот дрон ќе пристигне на адресата ан купувачот, ќе се спушти на височина од околу 4 метри и ќе го испушти заштитениот пакет со лекови.

dron1

Купувачите ќе може да избираат меѓу над 500 лекови, но не и контролирани супстанци. Калифорниската компанија тврди дека нејзините дронови ќе летаат на височина од 120 метри, пред спуштањето ќе проверат дали во зоната на испорака има било каква препрека. Тестт испораки започнале да се вршат уште кон крајот на минатата година во истиот град. Некои компании и порано изразиле намера да користат дронови во комерцијални цели, но регулаторните ограничувања во поглед на безбедноста се пречката на која наишле.

dron2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top