Насловна / Вести / Берлински процес: Поддршка за Западен Балкан за климатска акција и енергија од обновливи извори

Берлински процес: Поддршка за Западен Балкан за климатска акција и енергија од обновливи извори

На состанокот на иницијативата Берлински процес во Тирана, ЕУ соопшти дека подготвила програма „План за раст“, која подразбира условен финансиски пакет за Западен Балкан, додека Германија ветила дополнителни средства за климатски промени и обновливи извори на енергија. Самитот на Берлинскиот процес во Тирана е прв состанок од оваа иницијатива одржан во земја која не е членка на ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјавила дека самитот бил успешен, но дека останува уште многу да се направи. „Мораме уште повеќе да ги приближиме нашите економии и би требало да ги забрзаме реформите за пристапување во ЕУ. Поради тоа на лидерите им го претставив нашиот „План за раст“, кој ако се примени, може да ги удвои економиите на Западен Балкан, цел која е остварлива веќе во оваа деценија“, порачала таа и додала дека во моментот овие економии се на ниво на 35% од проесекот на ЕУ.

berlin1

berlin2

„Планот за раст“ има четири столба: воведување на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, воспоставување на единствен регионален пазар на Западен Балкан, реформи и инвестиции. Притоа, финансирањето е условеноод спроведувањето на реформите. Предложен е инвестициски пакет од шест милијарди евра, односно 2 милијарди во грантови и 4 милијарди во кредити. Некои од областите во кои Западен Балкан би можел да се придружи на ЕУ пазарот се царинската соработка, е-трговијата, безготовинското плаќање, патниот сообраќај, електричната енергија. Германскиот канцелар Шолц, најавил регионално климатско партнерство помеѓу Германија и Западен Балкан. Германија финансиски ќе ја поддржи борбата против климатските промени и развојот на обновливите извори на енергија со 1,5 милијарди евра до 2030 година. Покрај тоа, германската влада же обезбеди и 73 милиони евра за новата програма за обновлива енергија во Албанија.

berlin3

 

Испрати коментар

Scroll To Top