Насловна / Вести / Алфред Нобел – пацифист, филантроп и татко на модерните експлозиви

Алфред Нобел – пацифист, филантроп и татко на модерните експлозиви

Карлскога е мал град опкружен со шуми во средиштето на Шведска. Втемелувачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел, се доселил овде во 1894 година, две години пред својата смрт. Бил пацифист, филантроп и татко на модерните експлозиви, а Карлскога повеќе од еден век е жив пример за неговото глобално наследство.

bofors5

Шведската индустрија денес овде произведува модерни топови, гранати и експлозиви. Фабриката се протега на три километри квадратни во близина на градот кој има 30.000 жители и се наоѓа на половина пат помеѓу Стокхолм и Осло. „Нобеловиот барут овде се произведува од 1898 година. Првиот го носел името NK01. Денес стигнавме до NK1420“, вели  Hakan Svensson, директор на маркетинг во фабриката во која работеле и неговиот татко и неговиот дедо. Нобел го измислил детонаторот во 1865 година, модернизирајќи ги силните експлозиви. Потоа во 1867 го измислил динамитот, и се до својата смрт работел на барутот кој не чади и за кој сонувале сите европски војски.

bofors1

nobel0

Две години пред својата смрт во 1986 година и неговиот познат тестамент со кој се етаблира Нобеловата награда, тој ја купил шведската компанија „Бофорс“, која веќе произведувала топови во Карлскога. По неговата смрт, компанијата ја превзема неговиот помошник Ragnar Sohlman, и таа станува срце на шведскиот воено-индустриски комплекс на 20-тиот век. Денес „Бофорс“ е поделена и продадена на различни субјекти, но фабриката во Карлскога сеуште работи и вработува повеќе од илјада луѓе. Фабриката за барут и експлозиви е сопственост на француската група Eurenco, европски лидер во тој сектор. Ја користат истата производна метода како Алфред Нобел, само помодерна и побезбедна.

bofors4

Нобел бил светски патник, наречен „најбогатиот скитник на светот“, и живеел во Шведска, Русија, Германија, Франција, САД, Велика Британија и Италија. За да ги заштити своите патенти, но и за да избегне транспорт на опасните супстанции на големи оддалечености, тој направил фабрики на повеќе локации. Неговите шведски и британски подружници станале дел од мултинационалната хемиска групација AkzoNobel, со седиште во Холандија. Норвешката подружница, формирана во 1865 година, сега е позната како DynoNobel и е голем производител на експлозив за цивилни цели. Во Германија, фабриката која ја основал во близината на Хамбург денес не постои, но нејзиниот наследник Dynamit Nobel Defence сеуште е активен во индустријата за оружје. Францускиот огранок денес е компанија за производство на цивилен експлозив TitaNobel. Пред крајот на својот живот, Нобел работел на лансирна рампа за воени ракети во Сан Ремо, Италија. Тој никогаш не гледал противречност помеѓу своите интереси за пацифизам и индустријата за оружје, вели Ingrid Carlberg, автор на негова биографија.

Испрати коментар

Scroll To Top