
Атриумот во оваа куќа во Австралија е искористен на најдобар можен начин. Наместо големи лустери во неговиот простор се сместени велосипеди.

Студиото Tribe, осмисли иновативно решение за сместување на велосипеди. Со помош на носачи со чекреци и јаже со куки, велосипедите се подигнуваат висечки во атриумот. Ем никому не сметаат ем овој простор е максимално искористен.

Велосипедите се закачуваат за тркалото и над воланот. Со помош на подвижна сајла, тие можат да се позиционираат во која било вертикална положба.

На тој начин воопшто не пречат, а и нивното сместување е решено.

Погледнете го и остатокот на ентериерот на оваа куќа.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија