Насловна / Вести / Половните елкетрични автомобили стануваат се почест избор на купувачите во Европа

Половните елкетрични автомобили стануваат се почест избор на купувачите во Европа

Истражувањата на пазарот на автомобили во Германија покажуваат јасен раст на трендот на купување на половни електрични автомобили. Пазарот на половни електрични автомобили евидентно станува се помоќен и подинамичен, тврдат од Фраунхофер институтот за истражување на системи и иновации (ISI). Пред 5 – 6 години, речиси и да немаше достапни половни електрични автомобили, но големиот број на новорегистрирани возила во 2020 и 2021 година, веќе сега доведува до значително збогатување на понудата.

Слични податоци има и Германската Федерална управа за моторен  транспорт. Во првите четири месеци од оваа година, речиси 120.000 половни електрични возила ги промениле сопствениците ширум Германија, Тоа е речиси двојно повеќе отколку во истиот период во 2025 година и речиси три пати повеќе од првот квартал на 2024 година. Притоа не е зголемен само бројот на автомобили туку и разновидноста на моделите. Од компактни градски автомобили до високоперформансни модели од средна класа, со различен домет и солидни можности за полнење.

Типичниот контрааргумент дека овие возила се прескапи, главно ја губи силата преку податокот дека нивната цена е на ниво на соодветните возила со мотори со внатрешно согорување. Се разбира, неспорен е фактот дека новите електрични автомобили значително побрзо губат на вредноста во првите неколку години споредено со возилата со мотори со внатрешно согорување. Тоа го покажуваат и податоците на компанијата Deutsche Automobil-Treuhand (DAT). Според анализите, интересно е дека километражата не игра посебно значајна улога во цената, односно удвојувањето на годишната километража ја намалува цената за само 2%. Главната грижа при купувањето на електричните автомобили е состојбата на батеријата. Но, од Фраунхофер институтот велат дека модерните батериски системи се значително поиздржливи. Нивниот капацитет обично се намалува за само 1 до 2 процентни поени годишно.

Испрати коментар

Scroll To Top