Студијата „Идентификување на локации на мрежни загушувања на електроенергетската мрежа и потреба од батериски складишта на енергија во Република Хрватска“ е иницирана од страна на здужението Обновливи извори на енергија на Хрватска (OIEH). Анализата за прв пат системски открива ограничувања во преносната мрежа и ги дефинира оптималните локации и потребните капацитети на батериски системи за складирање на енергија (BESS).

Студијата покажува дека во постоечката состојба идентификувани се 22 приоритетни локации со вкупен потенцијал до 1.700 MW. Националниот енергетски и климатски план (НЕКП), како цел поставува 350 MW. Моментално, Хрватска има батерии со вкупна моќност од 11 MW. Во сценариото кое предвидува полна интеграција на обновливите извори на енергија, потребата расте на над 1.600 MW, со најголема концентрација во Далмација и на риечкото подрачје. Пазарната анализа покажува дека батериските системи не влијаат значајно на просечната цена на електричната енергија, но битно ја менуваат нејзината динамика. Батериите ги менуваат ценовните профили и до 25%, ги намалуваат ограничувањата на производството и ја зголемуваат ефикасноста на системот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија