Насловна / Вести / Годишен извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности за 2025 година

Годишен извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности за 2025 година

Агенцијата за катастар на недвижностите го објави Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности за 2025 година, кој претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година, е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Република Северна Македонија за 2025 година. Анализата е базирана на официјални податоци од Регистарот на цени и закупнини.

Извештајот го пренесуваме во целост.

Општ преглед на пазарот

Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6 % во споредба со 2024 година.

  • Купопродажби: Регистрирани се 23.470 трансакции (раст од 4 %).
  • Закупи: Евидентирани се 9.911 закупи, што е зголемување за 17 % во однос на претходната година.

Финансиска вредност

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9 % во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Анализа на купопродажбите по типови на недвижности

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот:

  • Станови: Учествуваат со 33 % вовкупниот број на купопродажби и дури 48 % од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9 %, нивната вредност пораснала за 10,8 %.
  • Земјиште: Земјоделското земјиште и шумите учествува со 31 % во вкупниот број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14 % бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36 %, во споредба со претходната година.
  • Куќи: Куќите учествуваат со 13 % во вкупниот број на купопродажби. Забележан е раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37 %.

Регионална активност и цени

Пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри.

  • Најактивни општини: Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414 трансакции, Аеродром 1.963 трансакциии, Карпош 1.791 трансакции.

Највисоки просечни цени на станови:

  • Центар: 1.692 евра/м²
  • Карпош: 1.558 евра/м²
  • Аеродром: 1.419 евра/м²
  • Максимални цени: Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).

Пазар на станови од инвеститор (новоградба)

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини. Највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар 31 %, додека во Охрид има пад од 4 %.

Највисоки трансакции во 2025 година

  • Најскап стан: Продаден во Аеродорм за 166.500 евра.
  • Најскапа куќа: Продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра.
  • Најскап деловен простор: Продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.

Пазар на закупи

  • Вкупно закупи: 9.911
  • Вкупна месечна закупнина: ~4 милиони евра.

Во вкупниот број на закупи, најголемо учество имаат:

  • Становите со 35 % и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15 % во споредба со претходната година.
  • Деловни простори со 34 % и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24 % во споредба со претходната година

Постои зголемена побарувачка за изнајмување.

ЗАКЛУЧОЦИ

  • Стабилен раст на пазарот;
  • Урбаните центри се носители на активноста;
  • Зголемена побарувачка за закуп;
  • Стабилизација на цените на становите.

ПРОГНОЗА

  • Умерен раст во 2026 година;
  • Зголемен интерес за инвестиции;
  • Продолжен раст на закупи.

ЗАКЛУЧНА НАПОМЕНА

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови.

Извештајот е достапен на следниот линк.

Испрати коментар

Scroll To Top