Изградбата на делот од Вертикалниот гасен коридор на територијата на Бугарија, влезена е во завршна фаза на реализација. До крајот на 2026 година, ќе бидат пуштени во работа фва проекти во склоп на оваа иницијатива која ја поврзува гасната инфраструктура во правец југ – север и отвора можност за транспорт на ТПГ (течен природен гас) кон пазарите од регионот.

Овие проекти овозможуваат пренос на ТПГ, вклучувајќи ги и испораките од САД, преку Грција кон Украина и земјите на централна и источна Европа. Во моментот се реализираат активности на зголемување на капацитетот на клучните меѓусистемски точки на границата со Грција и на границата со Романија. Вертикалниот гасен коридор функционира како енергетска „автопат“ траса во правецот север – југ, преку која е можно да се транспортираат до 10 милијарди кубни метри ТПГ годишно кон Украина и кон поширокиот регион. Во меѓувреме Бугарија аплицираше за делумно неповратно финансирање од Модернизациониот фонд на ЕУ. Доколку овие средства идат одобрени, би овозможиле конкурентна тарифна структура.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија