Бирото Foster + Partners и инвеститорот Silverstein Properties претставија нови рендери на кулата што ќе го комплетираат ансамблот на Светскиот трговски центар во Њујорк. Проектот првично беше развиван од канцеларијата на Bjarke Ingels Group, но во 2020 година, по несогласување меѓу партнерите, Foster + Partners ја презеде улогата на главен архитект.

Новите рендери откриваат супервисока кула од 373 метри на 55 ката, со волуметрија што се повлекуваат во сегменти за да формира низа тераси по висината на објектот. На приземјето е планиран трикатен влезен хол, додека целата зграда е проектирана како деловна зграда наменета исклучиво за компанијата American Express.
Вкупната бруто површина е околу 185.800 квадратни метри, со капацитет за приближно 10.000 вработени.

Two World Trade Center се наоѓа преку улицата од транспортниот центар Oculus, проектиран од Santiago Calatrava, и непосредно до Perelman Performing Arts Center, чиј автор е студиото Rex. Развојот на оваа парцела трае речиси две децении и претставува последна фаза од трансформацијата на локалитетот.

Планирано е објектот да користи целосно електрични и енергетски ефикасни системи, со цел да се добие LEED сертификат. Се очекува изградбата да започне на пролет 2026 година, додека завршувањето е планирано за 2031 година.

Со изградбата на оваа кула се комплетира комплексот World Trade Center, кој ги опфаќа Споменикот и музејот 11 септември, кулите One, Three и Four World Trade Center, како и придружните јавни и културни содржини. Two World Trade Center ќе бидат позициониран на аголот од парцелата, на местото на денешниот влез во РАТН железницата и јавниот плоштад.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија