Насловна / Вести / Бугарија во завршна фаза од изградбата на Вертикалниот гасен коридор

Бугарија во завршна фаза од изградбата на Вертикалниот гасен коридор

Изградбата на делот од Вертикалниот гасен коридор на територијата на Бугарија, влезена е во завршна фаза на реализација. До крајот на 2026 година, ќе бидат пуштени во работа фва проекти во склоп на оваа иницијатива која ја поврзува гасната инфраструктура во правец југ – север и отвора можност за транспорт на ТПГ (течен природен гас) кон пазарите од регионот.

Овие проекти овозможуваат пренос на ТПГ, вклучувајќи ги и испораките од САД, преку Грција кон Украина и земјите на централна и источна Европа. Во моментот се реализираат активности на зголемување на капацитетот на клучните меѓусистемски точки на границата со Грција и на границата со Романија. Вертикалниот гасен коридор функционира како енергетска „автопат“ траса во правецот север – југ, преку која е можно да се транспортираат до 10 милијарди кубни метри ТПГ годишно кон Украина и кон поширокиот регион. Во меѓувреме Бугарија аплицираше за делумно неповратно финансирање од Модернизациониот фонд на ЕУ. Доколку овие средства идат одобрени, би овозможиле конкурентна тарифна структура.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top