Во новата анализа на организацијата Transport & Environment (T&E), се повикува Европската инвестициска банка (EIB) поодлучно да ја искористи својата финансиска моќ во забрзување на декарбонизацијата на сообраќајот. Во документот се потсетува дека EIB, има преземено оббврска да се позиционира какао „климатска банка на ЕУ“, со постепено напуштање на финснисирањето на фосилни горива и најмалку 50% од пласманите до 2025 година да бидат насочени во зелени проекти. Иако тие цели формално се исполнети, се истакнува дека резултатите во секторот сообраќај остануваат незадоволителни.

Имено, EIB во последните години значително инвестираше во електрификација на железничката и патната инфраструктура, како и во чистата урбана мобилност. Но, истовремено се укажува дека банката и натаму пружа поддршка на проектите и компаниите со сериозни фосилни портфолија, како и во ширењето на патната инфраструктура. Како еден од најспорните примери се наведува кредитот од 800 милиони евра за шпанскиот аеродромски оператор AENA, иако плановите за ширење на овој аеродром се во спротивност со важечките правила на EIB. Посебно е ограничен напредокот во декарбонизацијата кога станува збор за авијацијата и поморскиот сообраќај. И покрај тоа што EIB инвестира во инфраструктура, вложувањето во производство на одржливи горива засега се ограничени.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија