Насловна / Вести / Nike има роботски патики

Nike има роботски патики

Nike тврди дека нивниот проект Amplify и новите обувки базирани на невро-науката, ги подобруваат Вашите тело и ум додека ги носите. Развиени со роботскиот стартап Dephy, проектот Amplify функционира како „втор сет мускули на листот“ за „секојдневни спортисти“ кои сакаат повеќе да одат и трчаат.

Nike истакнува дека моделот од првата генерација се состои од патики за трчање со плоча од карбонски влакна, полниви батериии, мотор и погонски ремен. Иако има неонски бои и обложена завршна обработка на конвенционален пар патики за трчање, основниот дизајн изгледа како пофина верзија на роботските Sidekick патики. Проектот Amplify не ја заменува способноста за одење или трчање, туку го олеснува преминувањето на подолги растојанија и постигнувањето на поголеми брзини. Nike го споредува ова искуство со е-велосипед. Dephy и Nike Sport Research Lab (NSRL) работеле со повеќе од 400 различни спортисти на тестирање на разни верзии, и рекле дека патиките минале повеќе од 2,4 милиони чекори.

Испрати коментар

Scroll To Top