Насловна / Арт и дизајн / Баскијат повторно пишува историја – „Crowns (Peso Neto)“ оди на аукција

Баскијат повторно пишува историја – „Crowns (Peso Neto)“ оди на аукција

Кога името Жан-Мишел Баскијат ќе се појави на аукција, можеме да бидеме сигурни: ќе биде лудо и тоа во долари!

Неговото никогаш претходно изложено ремек-дело „Crowns (Peso Neto)“ сега оди на аукција, а веќе се предвидуваат астрономски бројки. Од уметник кој изработува графити до неоекспресионистичка мегаѕвезда, Баскијат остави неизбришлив белег во уметничкиот свет. Со статус на една од најбараните икони во 2025 година, секој негов потег, па и четката, станува предмет на колекционерско лудило.

Делото „Crowns (Peso Neto)” е родено во 1981 година, во моментот кога Баскијат почнал да ја освојува меѓународната сцена. Со препознатливиот мотив на круни и неговиот сиров, енергичен стил, сликата не е само уметнички знак – таа е симбол на моментот кога Баскијат го најави своето доаѓање во светот на современата уметност.

Тој го имаше своето деби во 1982 година на својата прва самостојна изложба, а истата година блесна на престижната Documenta 7 во Германија – Баскијат тогаш беше еден од најмладите уметници поканети на овој глобален настан.

Сега, децении подоцна, Sotheby’s во Њујорк подготвува аукција каде што сликата за прв пат ќе им биде понудена на колекционерите. Проценка? До 45 милиони долари! Еден потег со четката, една икона – Баскијат сè уште ги диктира правилата на играта. Пред аукцијата во Њујорк, сликата беше јавно изложена во Лондон и Париз во текот на октомври 2025 година.

Испрати коментар

Scroll To Top