Насловна / Вести / Најава за Третиот македонски конгрес за патишта

Најава за Третиот македонски конгрес за патишта

Организаторот на Третиот македонски конгрес за патишта со официјална покана и информација за настанот.

Почитувани колеги,

Имаме голема чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Третиот македонски конгрес за патишта ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2025 година, во Скопје, во хотелот DoubleTree by Hilton.

Првиот конгрес е одржан во Скопје во 2019 година, имаше околу 300 учесници од 16 европски земји, со повеќе од 60 научни трудови.

Вториот македонски конгрес за патишта, е одржан во Скопје во 2022 година, со околу 400 учесници од 23 европски земји, со објавени 77 научни трудови. По успешното завршување на овие два конгреса, со сигурност можеме да констатираме дека овој конгрес прерасна во врвен настан во областа на патната инфраструктура, со значајно меѓународно признание и важност.

Очекуваме Третиот македонски патен конгрес 2025 да биде традиционален меѓународен собир на градежни инженери за патна инфраструктура од Македонија и странство, со забележително меѓународно влијание, обезбедувајќи успешен континуитет со претходните два конгреса.

Покрај конгресот, во Македонија во тек е голем инвестициски циклус во патната инфраструктура во износ од над 3 милијарди евра, кој се одразува во изградба на 3 автопатски проекти со должина од над 180 км, заедно со 6 автопатски делници, експресни патишта и регионални патишта.

Најавено е учество на професори и експерти од областа на патиштата, од Македонија и Европа, што претставува можност за размена на позитивни искуства и знаења.

Темите на конгресот произлегуваат од тековните и најавените големи инвестиции во транспортната инфраструктура на Република Македонија (патишта и железници) во износ од над 5 милијарди евра.

Теми на Третиот македонски патен конгрес:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба и одржување
  • Безбедност на патниот сообраќај
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ИТС и нови технологии во сообраќајот
  • Примена на вештачка интелигенција (ВИ) во патната инфраструктура
  • Слободни и сродни теми од областа на патиштата и презентација на нови проекти
  • Други видови транспорт (железнички, воздушен, воден и интернет), статус, проекти и развојни перспективи

Преостануваат уште 7 дена за пријава за учество. Линк за пријавување.

Испрати коментар

Scroll To Top