Насловна / Вести / Вештачка интелигенција помага во рано откривање на дефекти на лопатките кај ветерните турбини

Вештачка интелигенција помага во рано откривање на дефекти на лопатките кај ветерните турбини

Лопатките се едни од најважните делови на ветерните турбини. Поради постојаното движење и изложеност на надворешни влијанија, тие трпат големо оптоварување и неретко доаѓа до дефекти, што ја намалува ефикасноста во производството на електрична енергија. Со цел да се превенираат поголеми хаварии, двајца турски инженери развиле систем за рано предупредување, кој со помош на вештачката интелигенција ги детектира дефектите на лопатките на ветерните турбини.

Вештачката интелигенција има се поширока примена во секторот обновливи извори на енергија. Најновиот пример доаѓа од Турција, каде со помош на т.н систем Windrover се овозможува рано откривање на дефектите кај лопатките. Windrover се монтира на турбината и со помош на микрофон и сензори ги анализира звуците кои се генерираат во текот на работата. Врз основа на тоа, се собираат податоци, а системот со вештачка интелигенција ги детектира промените. Доколку се уочи потенцијален дефект или системска грешка, предупредувањето автоматски се испраќа до компанијата преку мобилна апликација.

Оштетувањата на лопатките директно влијаат врз нивната аеродинамика, а предизвикува и засилено абење и на другите компоненти, поголеми трошоци за одржување и намалување на енергетскиот учинок. Софтверот препознава различни видови оштетвања како што се пукнатини, ломови или раслојувања. Исто така, нуди информации за местото и видот на оштетувањето. Windrover засега е инсталиран на повеќе од 500 ветерни турбини во Турција, Франција, Велика Британија, Шпанија и Германија.

Испрати коментар

Scroll To Top