Овој дуплекс стан е дел од Mirage Development in De Waterkant, трендовскa населба во срцето на Кејптаун. Целта била да се создаде засолниште и простор кој го доловува „урбаниот шик“, комбинирајќи го современиот живот со висок дизајн. Обликувањето на станот изразува изразито модерен африкански став кој е во согласност со денешните барања на брзиот градски живот. Тоа е простор на смиреност и спокојство за обновување на енергијата, опуштање, лебдејќи над градските улици.

Студиото ARRCC ги исполнило желбите наклиентите кој сакале простор со поглед на градот и стил што спојува модерен живот со дизајн.
Чувството на слобода во овој стан пружа единствен поглед на градот и може да се ужива од речиси секој дел од овој простор.

За да се избегне ефектот на заробеност во кутија, овој стан има неколку работи што го прават просторот различен. Прво, неговата отвореност, односно поврзувањето на дневната соба со терасата и огромните панорамски панели што овозможуваат поглед на градот. Скалите што ја поврзуваат дневната соба со горниот дел, односно спалната соба и бањата, исто така го прават просторот подинамичен.

За да дуплексот изгледа поголем, некои парчиња мебел се изработени така што не зафаќаат многу простор. Целата кујна е сместена во просторот под скалите, што значително заштедило простор. Исто така, телевизорот е фиксиран на ѕидот и поставен многу дискретно.

Поради големината на станот, архитектите го сместиле гардероберот и бањата во еден дел. Тука доминираат темни тонови, погодни за поинтимни простории. Многу геометриски линии, монохроматска палета на бои го прават овој дел секогаш да изгледа уредно.

Спалната соба е исто така во темни бои, а ѕидот над главата на креветот привлекува внимание со своите линии. Покрај креветот во овој простор има и биро, како и полица за книги со необична форма – како блендата на фотоапарат.

Вниманието кон деталите, многу светлина и просторноста поради погледот кон градот го прават овој дуплекс модерно скривалиште во големиот град.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија