Американската вселенска агенција NASA и индиската агенција ISRO успешно лансирале сателит под името NISAR. Ова е прв сателит кој заеднички го развиле двете вселенски агенции. Сателитот NISAR е лансиран со помош на ракетата GSLV од вселенскиот центар Satish Dhawan во Индија. По 19 минути од лансирањето, ракетата го исфрлила сателитот NISAR со маса од 2.393 килограми. Сите системи работат нормално, како што било предвидено и очекувано.

Сателитот NISAR (NASA-ISRO Synthetic Aperture Radar) детално ќе ја скенира Земјата и ќе пружа податоци за сите временски услови, во интервали од 12 дена, и ќе овозможи широк спектар на примени. Примарите цели се проучување на деформациите на тлото и ледот, копнените екосистеми и океанските предели од заеднички интерес за научните заедници на САД и Индија. Сателитот е опремен со најнапреден радарски систем, вреден 1,5 милијарди долари и со тоа станал најскапата лансирана мисија за опсервација на Земјата во историјата.
NISAR ќе им помогне на научниците подобро да ги разберат процесите поврзани со природните опасности и катастрофи како земјотреси, ерупција на вулкани и клизишта. Исто така ќе пружа поддршка во следењето на инфраструктурата како брани, мостови и патишта. Неговата способност да продре низ облаците ќе помогне во итна реакција во текот на екстремни временски услови. NISAR ќе овозможи клучни глобални набљудувања на Земјата, што се однесува на промена на ледените покривки, глечери и сл., а ќе го унапреди и разбирањето за тоа како дефорестацијата и пожарите влијаат на циклусот на јаглерод. Примарната мисија е планирана да трае 3 години, а ако сателитот биде и натаму оперативен после тој период, ќе има доволно гориво да продолжи со работа уште неколку години.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија