Насловна / Вести / Во Швајцарија, дотраените големи сателитски антени, трансформирани во соларни чинии

Во Швајцарија, дотраените големи сателитски антени, трансформирани во соларни чинии

Еден швајцарски провајдер на телекомуникациски услуги, ги трансформирал големите сателитски антени, кои не се во употреба, во соларни чинии. Со нив го напојува својот податковен центар. Ова е овозможено преку компанијата CKW, која пружа услуги за интегрирање на енергетиката и градежните зафати.  Проектот е развиен во соработка со компанија за паметни енергетски услуги  SolarEdge. Со овој потфат се укажува на потенцијалот на постоечката инфраструктура во искористувањето на соларната енергија. Поставени се по 307 соларни панели на две големи сателитски антени во Швајцарија.

Споменатиот дата центар, кој се напојува со енергија од овие фотоволтаици, остатокот од потребната енергија го добива од хидроелектрани, со што целокупната енергија ја обезбедува од обновливи извори. Со оглен на ориентацијата и аголот на нивната поставеност, осенченоста била препрека во ефикасноста на фотоволтаиците. Но, овој проблем е решен со инверторски систем за еднонасочна струја, заедно со уред за оптимирање, кои се закачени под секој панел.

 

Испрати коментар

Scroll To Top