Насловна / Архитектура / Денес јавно предавање „Ре-акомодација на културните чинители“, како дел од програмата Градот како сцена: Еколошки иднини

Денес јавно предавање „Ре-акомодација на културните чинители“, како дел од програмата Градот како сцена: Еколошки иднини

Денес во 20:00 часот  ќе се одржи јавно предавање на архитектите Миодраг Куч (ZK/U) и Конрад Браун [Haus der Statistik] во просториите на киното на Железничката зграда (ул. Борка Талевски 26) како дел од програмата ГРАДОТ КАКО СЦЕНА: EКОЛОШКИ ИДНИНИ во организација на здружението за култура и уметност Факултет за работи кои не се учат.

Предавањето „Ре-акомодација на културните чинители“ ги прикажува процесите на реконструкција на две важни (но многу различни) берлински згради: ЗК/У и Haus der Statistik (HDS). Различни по размер и архитектонски стил, обете згради се сместуваат на културните актери и урбаниот развој за општо добро. Во случајот на ЗК/У историски богатиот индустриски комплекс е трансформиран од уметничка резиденција во платформа за разновидна културна сцена. Како модел проект за понатамошен развој на модернистичкото наследство, HDS отиде подалеку од реконструкцијата и стана прототип за соработка на културниот и административниот сектор.

ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕДАВАЧИТЕ

Mиодраг Куч

Миодраг Куч е трансдисциплинарен уметник, урбан теоретичар и педагог, чија работа ги истражува сложените односи помеѓу ефемерните структури, просторните апропријации и урбаните политики. Учествувал во реализацијата на бројни уметнички и академски проекти, првенствено во областа на урбаните студии, визуелно-културните студии и урбаната антропологија. Моментално работи како програмски директор во хибридната институција ZK/U (Zentrum für Kunst und Urbanistik) во Берлин, каде што се занимава со критичка урбана педагогија и улогата на иницијативите од локално ниво во транссекторскиот урбан развој. Тој е ко-директор на одделот за критичка урбана педагогија (ZEDucation) и работи на пресекот на архитектурата, урбаната политика, сценскиот дизајн/театарот и социјалната работа.

Конрад Браун

Конрад Браун е ко-основач и член на одборот на openberlin e.V. и е вклучен во партиципативен урбан развој од 2012 година со цел да се постигне пристап кон јавното и приватното земјиште кој е повеќе ориентиран кон заедницата. Како хонорарен архитект и урбан истражувач, тој работи трансдисциплинарно на темите урбанизам, општество, култура, политика, право и економија. Тој посветува особено внимание на урбан развој и развој на недвижности управуван од корисниците, кој е ориентиран кон општото добро.

Испрати коментар

Scroll To Top