Насловна / Вести / Русија развила роботски системи за одржување на орбиталните станици

Русија развила роботски системи за одржување на орбиталните станици

Русија развила патентирана технологија за опремување на орбиталните станици со роботски системи за одржување. Станува збор за иновативно решение кое прво ќе биде тестирано на руската орбитална станица која ќе биде изградена најдоцна до 2030 година, пред да биде интегрирано во лунарните мисии.

Од руската вселенска агенција истакнуваат дека интензивно се работи на изградбата на орбиталната станица, која ќе биде лоцирана во близина на поларната орбита. Почетната фаза подразбира лансирање на научен и енергетски модул на крајот на 2027 година, а веднаш потоа и другите модули кои ќе го сочинуваат јадрото на станицата. Во периодот од 2030 до 2033 година, планирано е да се реализира и проширување на станицата со два модули за посебна намена.

 

Испрати коментар

Scroll To Top