Во светот на луксузот, границите се поместуваат секој ден – буквално. Додека дизајнерите на ентериер ангажирани од богати поединци некогаш дизајнирале луксузни домови, вили или јахти, сè почесто нивната стручност се бара и на небото.

Во последните 25 години, бројот на приватни авиони низ целиот свет се зголемил повеќе од двојно, а очекувањата на нивните сопственици сè повеќе изискуваат. Во игра се подалечни патувања и дестинации, поголеми авиони и сè пософистициран ентериери. Бидејќи, ако веќе поминуваат часови на летот, зошто сопствениците не би го поминале тоа време во совршено дизајнирани простори кои повеќе потсетуваат на дом или канцеларија отколку на превозно средство?

Дизајн на височина од 10.000 метри
Луксузот повеќе не е нужно врзан за адреса – тој патува со своите сопственици, во форма на совршено прилагоден простор што лебди над облаците. Дизајнерите на ентериер сè повеќе се повикуваат да ги декорираат приватните авиони, не како стерилни кабини, туку како вистински мали летачки светови што зрачат со мир, елеганција и удобност, пишува ELLE Decor.

Приватен авион денес не е само средство за превоз, тој може да биде продолжение на домот, мобилна канцеларија или агол за ресетирање. Затоа не е изненадувачки што нивните сопственици, најчесто со неограничени финансиски буџети, бараат сè да биде прилагодено – од распоредот на седење, преку употребените материјали, до специфични елементи за опремување.

Интересно е што најлуксузните детали не се секогаш највпечатливи. Напротив – најскапиот дел често е она што окото не го забележува веднаш: совршено прилагодено осветлување, материјали кои се отпорни и нежни во исто време или непогрешлива звучна изолација.

Работа од дома vs. работа од авион
За многу сопственици на приватен авион, тоа е местото каде што се одржуваат преговори или состаноци и се носат важни одлуки. Во моменти кога времето е луксуз, немањето пауза помеѓу две локации станува предност. Затоа конференциските маси, работните ламби или затемнетите стакла се сè повеќе присутни во ваквите ентериери – сè што помага за успешна деловна средина и фокус.

Цената на телевизорот? Вистинска ситница!
Сепак, една навидум обична работа ги збунува повеќето сопственици на приватни авиони – телевизорот. Иако изгледа како и секој друг модел, сè е различно во авион, вклучително и правилата за екраните – телевизорот мора да биде отпорен на промени на притисокот, издржлив во случај на турбуленции и безбеден во случај на удар. Поради ова и само поради ова – неговата цена може да надмине неколку десетици илјади долари.

Секако, повеќето од нас веројатно никогаш нема да мора да избираат помеѓу кашмир и темно сива кожа за нашиот приватен авион. Нема да размислуваме дали ни е подобро со под од јаглеродни влакна, ниту пак ќе се прашуваме дали телевизорот вреди толку. Но, ако по некое чудо тоа се случи – барем знаеме од каде да почнеме.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија